Човек непријател

Потребно време за читање: < 1 минута

Во дамнешно време животните од целиот свет го викнале човекот на состанок за да решат конечно.

Му рекле (му рекол лавот како цар на животните):

-Вака веќе не може, човеку. Твоите постапки и дејанија се спротивни на заложбата за соживот и пријателство меѓу нас. Напротив, нас дивите нè правиш уште подиви, а нас спитомените нè товиш за да ти бидеме што подебели кога ќе дојдеме на ред за колење и твое јадење до прејадување.

Човекот одговорил:

-Јас сум човек, а вие животни. Затоа не може да биде инаку.

Оттогаш човекот и животните станале најголеми, дури крвни непријатели. Сè уште не се знае кој ќе остане жив последен.  

БАСНИ БЕЗ НАРАВОУЧЕНИЕ, сатиралии, 33