Пред почеток на книжевна вечер посветена на поезијата, организирана во Центарот за култура, студентот по книжевност Ведран му ја наметнува темата читањето денес на Ѕвездан Симоноски, реномиран книжевен критичар. Симоноски го слуша нерадо, здодевно му е, подготвен е како било да се оддалечи од него.
Ведран му вели дека без оглед на сè, особено на технолошкиот развој и вештачката интелигенција денес, читањето е поважно од слушањето и гледањето. Дури, слушањето на читањето му е многу поблиску од гледањето. Додава дека денес човек треба да чита сè што ќе му падне в раце, но предност мора да му даде на научната литература и белетристиката. И дека тој лично на прво место, на читачкиот „пиедестал“ ја става поезијата. Го нагласува „бранувањето на емоциите“ што го предизвикува таа кај оној што ја чита или слуша. Според неговото досегашно читачко искуство, нема добра и лоша поезија, туку умерена во сè, во играта со зборовите пред сè.
Ѕвездан Симоноски го догледува поетот Кузман Божиноски, го поздравува со широка насмевка и се ослободува од Ведран.
НАВНАТРЕ И ОДНАТРЕ, раскази/ескизи, 35