Љупчо Димитровски
Роден во 1951 во Скопје, писател, новинар и радиоводител со повеќе од 40 години искуство. Автор на „Паноптикум“, првиот македонски писателско-новинарски портал, креатор на над 150 книги и бројни радио емисии. Живот посветен на зборот, поезијата и македонскиот јазик.
Повеќе
За авторот
Направете нарачка и го добивате делото на ваша емаил адреса во дигитална форма.
По нарачката добивате профактура. По добиена уплата, го добивате делото на Вашата емаил адреса.
Делата кои се цена 0 ден. се бесплатни за преземање и се со ограничено времетраење на оваа ексклузивна можност.
Доволно е да направите нарачка и веднаш го преземате делото на линк кој ќе го добиете на Вашата внесена емаил адреса.
Создадени дела
Поезија
Создател III – За играта и молкот
Поетска студија за рамнотежата меѓу животната игра и тишината на духот. „За играта и молкот“ е песна за движењето, спокојот и вистината што се раѓа во тишината.
900ден +18% ддв

Создател IV – Љубовта како страст и трпение
Поетска студија за љубовта како огнена страст и тивко трпение. „Љубовта како страст и трпение“ е дело за духовната и човечката сила на љубењето.
900ден +18% ддв

Создател V – За очовечувањето
Поетска студија за човекот и неговото суштинско созревање. „За очовечувањето“ е дело што го следи патот од инстинкт до свесност, од телото до духот, од човек до човечност.
900ден +18% ддв

Сатира
Шило и осило IV – Сатиралии
„Сатиралии“ – збирка мисли што печат повеќе од сатира. Остри, точни, духовити – раскази што ја расклопуваат стварноста на сите составни делови.
900ден +18% ддв

Проза
Буле и Куле Мамкини и Таткини
Хумористичен тинејџерски роман за пријателството, љубовта и растењето. Буле и Куле се двајца млади кои низ забавни, но поучни случки се обидуваат да го разберат светот на возрасните и себеси.
900ден +18% ддв

Афоризми и други јадровизми
Думање на голем и мал човек V
„Думање на голем и мал човек V“ е синтеза на зрела мудрост и човечка топлина. Афоризми што не завршуваат со точка, туку со мисла што продолжува во нас – длабока, тивка и жива.
600ден +18% ддв

НАРОДСКИ ИЗРЕКИ VIII – дума, опит, ука
1.000 авторски напишани изреки на „мешавина“ од македонски дијалекти – за животот, луѓето, правдата, сиромаштијата, младоста и мирот.
Книга со силни, кратки мисли за животот, луѓето, правдата, сиромаштијата, младоста, мирот и мерата.
Читај, размислувај, враќај ѝ се.
Original price was: 400ден.0денCurrent price is: 0ден. +18% ддв

Аудио творештво
Јазикот е мојата татковина, серијал 1, 26 радио емисии, проект од јавен интерес
Јазикот е мојата татковина, серијал 2, 26 радио емисии, проект од јавен интерес
Лирско ехо, 26 радио емисии, проект од јавен интерес
Љупчо Димитровски, биографија
… Се прашуваш кој и од каде ? Еве.
Мојот пат започна на 10. 03. 1951. година во Скопје, Република Македонија. Дете на воено лице и домаќинка, со детство минато во Скопје, Тетово, Струмица… Учев во неколку основни училишта, а средно во гимназија Ѓорѓи Димитров, во Карпош-Скопје, каде и пораснав. Уживав во детсвото, особено со поезината уште во средношколските денови. Ја запознав Гордана од Орце, па започна новиот – заеднички живот, во Карпош, па во Козле, па во Аеродром, ….
Како дете у основно, а и средношколец, пеев во хорови (за жал не ме задржаа, а им бев прв глас – ми сместија да изгубам позиција ради врски на еден другар, па бидејќи тоа не го трпев – неправда ) – ги баталив. Плачеа по мене, ама џабе им беше.
Свирев и клавир. И во тоа уживав, ама вистински.
Е, по спорт не бев, али по дружби – ме памтат. Забављав народ секогаш. Па ме сакаа сите, и ко дете, и ко тинејџер, а и ко „стабилен“ муж.
Факултет ? Дај радио! Ми падна на бинго
Студирав на Економскиот факултет во Скопје-Економска политика и развој. Факултетот ми беше досаден, но пишувањето на поезија, проза, беше тоа во што уживав. И додека „студирав“, започнав да работам во Радио. Потоа Чеде Шопкиќ буквално ме влечеше од кабинет во кабинет на професорите на Економскиот, ми ги снимаше предавањата на касети за да ги учам слушајќи и завршив вишо, станав економист (никад у активен живот).
По хорот отидов на аудициjа во Радио Скопје. Ми правеа секакви проби, и…. ме спаси Бранко да не станам спикер. Ме прими во Спортска редакција. И ми падна бинго. Пошто им работев цели три години, дојде ред да ме пробаат ко спортски коментатор, заедно со Калински и Сипковски (млади таленти). Им се покажав најбољи спортски коментатор од прва, едно дваесетина минути дерби за испаѓање од Македонска фудбалска лига. Не ми текнува кои тимови играа, ама паметам дека ми се падна да коментирам тепачка и прекин на натпревар. Само што почнав со „Овде почна тепачка“, микрофонот ми го презеде Љупчо Стефковски и…така станав најбољи.
Убаво ми беше, се изнашетав по светов, стасав дури близу двесте километри до Северен пол, во Финска, во едно гратче никој од вас чуо никад-Пиексамаки (на финале на Европско клубско првенство во одбојка-со одбојкарите на „Вардар“, класа на Богоевски).
Петел
Ама пошо бев поет ( на Б. Давидовски ептен му се допадна една моја песна за петел, објавена во „Млад борец“, особено стихот „Петелот пееше со точки“ и стално го рецитираше; па ради тога ми накалемија без везе прекар Петел, а немам везе со галските петли), ме префрлија во Културна, па со ред во сите радиски редакции (само не надворешно-политичка).
Напрајв ептен радиска кариера и сам и колективно: преноси на Македонско радио од секакви настани и манифестации. Ги издвајам преносот од последниот конгрес на ЦК СКМ во Скопје и преносот од Кавадарци од погребот на првиот загинат македонски војник во војната за растурање на Југославија, Сашо Гешовски (од зад неговото гробно место; требаше да трае три минути, а морав да пренесувам 40 и кусур!; преносот е архивиран во светска радиска архива во Америка-така нешто).
Како урнебесџија (еден од авторите, водителите, пишувач на текстовите и уредник на Радио Урнебес), тимски организирав и реализирав мислам 70 приредби низ цела Македонија. Теравме со Драган, Бубо, Цале, Унџел, Саше, Љупчо, Владе, Ацика…
Симнав и ванземаљци у Карпош пред базенот
Да, и Интерпол преку радио дозна и пратија екипа да снима. Или беа странски новинари? Знам дека го заебавме „Ослобоѓење“ од Сараево, објавија вест на прва страница, а откако го дознаа штосот лично ми се заканија дека ќе ме тужат. А што беше тоа ? У петок вечер глеав ТВ, имаше некои вести дека у Русија демек фатиле ванземаљци. Се јавувам на Бубо и екипата у сабота сабајле им давам сценарио да праат фрка на радио. Се испоплашија ама прифатија. И ги водев 6 саата од преку телефон. Беше тоа голема збрка. Репортери на терен, новински агенции дигаат паника, директорот ми врти и се заканува со отказ и казни… А најбоље беше што се погоди параглајдери да летаат тој ден, па имаа запалено круг на пољаната за да знаат каде да слетаат. Случајно. Ама беше ептен потаман. И ќе се памти.
Е да, и рибарите беа најбоља публика. Збореа со жените преку радио.
А да, и Драган го будев секое сабајле за да почнеме тачно у 6. Пази – цела недела снимаме содржина, и идеме у живо у сабота од 6-9, на Втора на радио, па после од 9-15 иде преземање програма од Прва, а од 15 до 20 продужуеме ние.
Паноптикум
Е тука, распалив скроз. Ме памтат уште. Слушам, една женска по радијава се обидуе да ме имитира, ама џабе, не ѝ штима покрај викачиџиите. А Паноптикум имаше 2 термина со по 2 саата термин, со над 50 содржини од по 3 минути, и музика која Владе ја пакуваше у невидени миксеви. Сосе разговори со слушатели итн.
Медијатор
Једина ноќна програма со квиз. Имав слушаност врвна. Ја прекинав, па Бабиќ со екипата продужи на прва. Колку да се знае. Праев и други ноќни и утрински, водев и е мисија вести што ги почнуев со поезија (!)
25 часовен соло радио маратон
Има еден Игор кој се праеше паметен у КМР со маратон од 24 часа. Демек фраер сакаше да е. Па му покажав што е што. И постигнав Гинисов рекорд од 25 часа соло радио програма на Втора програма на Македонско радио – РТС 2. Види, тоа се викаше Паноптичен медијатор. Јадев 2 пати, не спиев 3 дена. И вредеше. Ама ете, тоа у вода го фрлија. Јас не! Горд сум на постигнатото. А тој И*** испеа една за трубата. Верувам сфати дека си отпеа за себе најбољи хит икада.
Селидба на РТС – МРТ од Нерези у Стојаница
Работев две години во Македонска телевизија како уредник на Контактната редакција. Го водев и го пренесов сигналот на МРТВ од Нерези во „Стојаница“ крај Вардар (така ја викаја кулата по директорот Стојан Димовски), ноќе пред и по полноќ и веднаш ме побараа да се преселам во Белград, да станам водител во РТС. Одбив од патриотски причини.
Ја у Белград?! Требаше !
Друг пат ќе ви раскажам ...
Има уште многу, ама ај сега ова:
Напрајв ептен голема кавга со Д. Масевски оти наводно сум сакал да му ја земам Забавната редакција, а тој сакаше да му бидам само сценарист и водител, и се вратив во радиото. Неколку месеци раководството на МРТВ не знаеше за мојата самопреселба. Јас не ги шишав односно мислев дека сѐ им е под контрола и нормално да знаат за тоа. Тие месеци не ми се пишани за пензија.
Необјавени повеќе од 100 книги!
Е, а создадени и необјавени ми се повеќе од 100. Е тие ги објавувам тука, и ќе ги спакувам само за тука. Со забрана за објава на сите. Зошто? Бидејќи на конкурсите каде некои новопечени издавачи се обидуваа да објават мое дело, ме одбиваа. И Венко и …навивале за мене. Ама ете, според високите критериуми на поранешната Република Македонија не сум бил подобен. А па, во новава РСМ (што и да значи), неќу да чујам книга да ми се објави! Па, така !
Сум коавтор (заедно со Милош Линдро и Данило Коцевски) на книжевниот манифест „На чекор од говорот“, објавен во списанието „Разгледи“ во 1980. година. Ќе го најдам и ќе го линкам за да си стои тука. Изгуглај за да провериш од какво важно значење е оваа творба за македонската книжевност.
Во книжевната периодика објавив поголем број критичко-есеистички текстови.
Пишувам и хумор и сатира. Како проект од јавен интерес (аудио издание), Советот за радиодифузија на Македонија (Агенција за медиуми) ми ја објави сатиричната серија во 10 епизоди LATENTIA HRONICUS- Однапред и одзади. Ќе ја објавам на сајтов па ќе ја чуеш.
Напишав и снимив дваесетина аудио проекти од јавен интерес, од кои секако најзначајни се: „Лирско ехо“, своевидни поетски приказни со поезија од истакнати македонски поети, „Авантура на опстојот“, авторска поезија во која интерпункцијата има посебна функција при сценски „приказ“, и „Јазикот е мојата татковина“- Македонска граматика (правила на стандардниот јазик, правопис и правоговор).
Сум бил… Па сум !
Бев 40 години професионален радио и телевизиски новинар и уредник во МРТВ и на ТВ „Алфа“ (уредник на редакција за култура и уметност, на редакција за забавно-рекреативна програма, главен и одговорен уредник на Втората програма на Македонското радио), како и во Радио Гром (Генерален менаџер, сопственик и новинар).
Студија за радио. Еј !
Напишав студија (кај и да е ќе ја објавам на блог) „Аспекти на модерното радио - радио на современата модерност“, што е сублимат на практично искуство, согледби и сознанија од областа на теоријата на информацијата и теориите на комуникологијата, потоа филозофијата, естетиката, психологијата, социологијата, антропологијата и маркетингот. Студија !
Е, а студијава ја одбија Европјаните (European Agency for Reconstruction), каде алицирав за кредит/грант за да направам мултимедијален центар. Па дозна еден Горан од еден Канал дека го имам тоа. И ми го украде, како што ми ја украде програмската шема на Радио Херц, по која, како што ми кажуваат, и ден денес работи тој национален канал. А со мојот проект-студија си изгради објект у Штип, и си јаде леб сосе екипата више од 20 години. Барем фала да ми кажеа! Ама ако !
Таа, студијата, за денешние радија (читај радио станици создадени од 1997 па до денес – 22.02.2020), па тоа е непотребно, небитно знаење е-пошто се канти кои тропаат музика и тресат временски прогнози, состојби на патиштата, вести у 1 минута пред сите, се праат светски музички диџеји, читаат од портали, зборат за гужвата у градот, и тако даље мајсторе. Има исклучоци, да. Ја знам само 1, ама не го кажувам! Цврц.
За мене тоа не се радија. Тоа се забављачи у кафич, дискотека, ко у Турист пред 30 години.
Направив и прв професионален новинарски блог (www.dimitrovski.net-беше тука, па сега www.panoptikum.mk/poenta) што прерасна во единствен писателско-новинарски и енциклопедиски македонски сајт „Паноптикум“ [ Паноптикум ]-продолжение на истоимената радио емисија.
Имам уште што да кажам за мене, ама боље до тука да е-доста е.
И да не беше син ми Горан у неговата 43-та, да ги праи сајтовиве, и да го испише ова за мене, и да ме тера да раскажувам за поминатото во мојов живот, ја не ќе го пишев ова, а ти не ќе дознаеше или па не ќе те потсетев. Ја вака не моом да се пишам.” (хаха)
E, ќе испуштев. Ја вероватно сум прв мозок на Фејсбук и у свет со над 10.000 мудрости.
И ова:
Мислам дека сум единствен книженик, на мое ниво сигурно, кој не добил ниедна и никаква книжевна награда, ниту имам некаков општествен, политички или општествено-политички статус. Поради што животов пензионерски и слободоумен ми е ептен олеснет. На жалост и на радост сечија не сум академик, а може ќе се сетат да ме напраат дур сум жив. (Не признаам отко ќе умрам.)
Све ова погоре за мене е минато, минат труд, кој денес е помножен со нула од сите, а бил признаен од врвни експерти. Ама, ако! Нека живеат.
Ти пиши во формуларов ако се сеќаваш на друго врзано со мене. Ќе ме потсетиш па ќе раскажеме уште нешто интересно за децава по нас.
Љупчо на www.panoptikum.mk

Европа старее – демографска криза, пензиски систем и иднината на семејството
Рубрика: СознанијаЕвропа старее. И тоа не е само бројка - тоа е промена на цивилизацијата. Тивко, без револуција, континентот се трансформира…
Книжевните награди – престиж, политика и вистинската вредност на делото
Рубрика: Култура и цивилизацијаНаградите блескаат. Делата молчат. Но што останува кога ќе згасне светлото? 📚 Една награда може да те стави „меѓу современите“.…
Идеја, идеја – кога чудните идеи откриваат вистини за современиот човек
Рубрика: ЗабаваИдеите што звучат чудно често откриваат нешто многу вистинито за нас. Дали би возеле побезбедно без правила? 🤔 Од улици…
Народна мудрост
Рубрика: Vox populiЗРЕЛОСТА Со зрелост во зрели години и до длабока старост. Македонски народни пословици и изреки Во беда и што ти…
Во држава и општество
Рубрика: е-Продукција, Романи-Сè се знае за државата и општеството. И речиси сè, да не речам баш сè во врска со нив. Од…
Народна приказна
Рубрика: Vox populiЕдна стара народна приказна. Еден бакал, едно дете и една ока што не е цела. Кога стодрамот станува филозофија на…
Прочка – духовната смисла на прошката и почетокот на Велигденските пости
Рубрика: СознанијаНекои празници не се слават со бучава, туку со тишина. Прочка не е формалност - таа е пресвртница. Прошката не…
Книжевен речник: историја, теорија, критика
Рубрика: Култура и цивилизацијаШто навистина значи да ја разбереш литературата? Не само да читаш, туку да знаеш што стои зад текстот. Критиката не…
Семејството Штраус
Рубрика: МузикаЕдно презиме. Повеќе генерации. И музика што никогаш не замолкнува. Штраус не е само валцер - тоа е културна династија.…
Необични музеи – кога светот ја претвора бизарноста во култура
Рубрика: СознанијаМислите дека музеите се само за стари слики и антички вазни? Во светот постојат музеи на зајаци, рамен, тоалети и…
Народна приказна
Рубрика: Vox populiКолку вреди братството? И колку чини една погрешна одлука? Понекогаш човекот станува полош од соколите. 🦅 Една стара народна приказна…
Белене – гробницата за македонците што ЦИА ја документираше уште во 1958 година
Рубрика: СознанијаПостојат документи што менуваат сè. Постојат архиви што не смееме да ги игнорираме. Белене не е мит - туку запишан…
Образованието и високата уметност – Арнолд Хаузер и смислата на големите дела
Рубрика: СознанијаНе секоја уметност е создадена за да нѐ забавува. Некои дела се создадени за да нѐ разнишаат. Високата уметност не…
Македонски народен вез – техники, материјали и културно наследство
Рубрика: СознанијаНе е секој украс - украс. Некои се историја. Македонскиот вез не е декорација. Тој е ткаена меморија. 🧵 Во…
7 смртни женски гревови на секоја врска
Рубрика: СознанијаПонекогаш врските не се распаѓаат од големи причини, туку од мали навики што не ги забележуваме. Најопасните грешки се оние…















