Близу

Потребно време за читање: < 1 минута

До скоро близу
си беа блиски
на јава два сона
ближни.

Дека негде близу
се слуша клокот
близу ќе е извор
жив како живот
да се ближи.

Близу година
нема љубов
ни близу час
скоро сега
близу умот
близу вистина
крај.

Се ближи ноќ
дека по ден
се ближел
кон самост.

Се ближат.

Во близина надеж
близу разурната
во нејзина близина
они пак блиски
дека се поблизу
од сега.

Веќе на близинска
далечина.

КАМЕНО НЕБО, Смисла, апстрактна поезија/игриви песни, 49