Ќе да е од годините
што сè повеќе сни
со него во нив
му бледнеат,
како да се на некој
што некогаш бил.
Имено, забележува
дека со годините
во нив се мешаат
луѓе и сеништа
незнајни;
му слабеат снага,
го снеможат толку
што да не може
ни да се препознае
себеси меѓу нив.
Веќе го прифати,
го призна поразот
на неговите таени
љубови,
та му је неважно
дека му се случајни
во нив пред будење.
Ќе да е до годините
што не може повеќе
да почне одново
некоја игра со крај,
од која ќе се роди
некоја нова смисла
на постоење
негов жив свет.
Му бледнеат сни,
дури нјадлабоки,
до будење негово,
а него сè повеќе
го заболува срцето
поради поразот
на таените љубови
во нив.
ПРЕПЕВ НА ПЕВ И ПОВЕВ, Зрачат сни, поетска инсталацијам, 22