Бидува, 141-150

Бидува

141. Пуста куќа

Во оваа куќа без покрив
живееле предци на човек.

142. Замислен

Се замислил дали до смрт
ќе види весели детски лица.

143. Недоречено

Сè пак и пак и сè
недоречено во нас.

144. Скоро на пат

Ме чека долг пат
од нас до мене сам.

145. Не било

Ништо не било со нас дамна,
ни оти нешто некогаш ќе биде.

146. Последен

Јас последен живот
од мрак на виделина.

147. Во далечина

Догледувам на мој крај
мое последно деноноќие.

148. Бран во сончев зрак

Ќе фатам ли бран во зрак сончев,
прв и последен, голем и силен?

149. Трага во крв

Навлегла моја трага во крв
што нема ни спокој ни сон.

150. Лична тага

Веќе никогаш јас
во игра безгрижна.  

БИДУВА, поезија/двостишија

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.