131. Лесно
Лета на небо, игра.
Го гледаме среќни.
132. Болка
Не случајно некоја болка
обзема тело сè уште живо.
133. Пајажина
Се собрала, се згуснала
пајажина во темен агол.
134. Сликар
Слика мали и големи слики
против безразлични возбуди.
135. Гол ѕид
Голем гол ѕид конечно
се урна во гола самотија.
136. Средби
Сè почести средби
на луѓе неразбрани.
137. Недозволиво
Случуваат недозволиво
едни исти намерници.
138. Молк што збори
Нашиот молк збори
дека предолго молчи.
139. Лик
Лик на многумина познат
не го менуваат годините.
140. Надојдена река
Којзнае до каде оваа река
се излева од своето корито.
БИДУВА, Нека биде, поезија/двостишија