fbpx Прескокни до главната содржина

Бидува, 161-170

Бидува

161. Врелина

Под сенка бег од врелина,
во пустина на издишувачка.

162. Водопад

Вода паѓа од висока стена,
пробива тишина на природа.

163. Радување

Извика дека земјата е уште плодна,
па почна да ја чисти од плевели.

164. Обграден сон

Нема сон сила за слобода
вон студена, обградена ноќ.

165. Сокриени

Се сокриле бубалки
во свои неми светови.

166. Нема

Некогаш може да имало,
а сега нема ништо од него.

167. Пејачка

Пее песна пејачка
за убост нажалена.

168. Веќе дамна

Се случила дамна
единствена љубов.

169. Во два стиха

Нема песна во два стиха
кога сами не се певливи.

170. Силење

Се сили дека мора допрва
да биде над сè што е живо.  

БИДУВА, поезија/двостишија

Важна напомена: Сите права се задржани. Не е дозволено било какво преземање на делови или цели содржини, ниту во оригинал ниту како извор и преработка за други содржини, без одобрение на авторот и/или издавачот (сопственикот) на овој портал. За секоја злоупотреба-непочитување и злоупотреба на правата, издаваме фактура со задолжителна финансиска обврска.
За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.