Бидува, 56-60

Бидува

56. Утринска магла

Се гледа прст пред око
на човек нем и застрашен.

57. За да

Влези му во зборот
за да не те замолчи.

58. Или

Ќе стане и ќе заигра
или срцето не ѝ игра.

59. Одблизу

Те насликал сликар кој
слика сал таени љубови.

60. Праг

Безживотен праг
на запустена куќа.

БИДУВА, поезија/двостишија

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.