116. Слободно време
Правам од себе со себе што било,
откога се ослободив од напнатост.
117. Десно
Од лево преку средина десно
се најде себеси препознатлив.
118. Значење
Мора да биде што е
некој знак или трага.
119. Барачи
Во бескрајна пустелија слепци
бараат патишта за излез од неа.
120. Река што била
Во пресушена река
натрупани камења.
БИДУВА, Како било, поезија/двостишија