461. Пред сон
Пожелувам да сониш
некогаш недосонето.
462. Ајде сега
Додека бевме
Сè беше нешто.
463. Врска
Да ни се пак во врска
идните денови и ноќи.
464. Недостижна
Има недостижна убост
која ние ја создадовме.
465. Покрив
Покрив лета на небо,
а нема куќа со темел.
466. Испишано
Во книже испишано
цело игриво детство.
467. Семиња
Птици ми носат семиња
додека дуваат ветришта.
468. Лица
Опкружиле лица
сенки нестварни.
469. Во привиди
Луѓе во привиди
изгубени дамна.
470. Облаци
Облаци црвени
фрлаат молњи.
БИДУВА, поезија/двостишија




