Бидува, 441-450

Бидува

441. Случајно

Се случи случајно
они да се разминат.

442. Заглушен вик

Далечен вик на луѓе во
горешта и болна тага.

443. Наврати

Он наврати кај неа дека
одамна не биле заедно.

444. Последно

Не знае дека е последно
нешто што им се случува.

445. Бранови

Му идат еден по друг негови
големи и пенливи бранови.

446. Од човек

За тебе секогаш од човек
кој те сони додека гасне.

447. Емотивно

Нема тишини во збор
да раскажат трепети.

448. Лично

Сè што било мое
за друг нема да е.

449. За нас

Имам многу за нас
одамна сал во мене.

450. Во заборав

Пред заборав
без ничија трага.

БИДУВА, поезија/двостишија

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.