Бидува, 421-430

Потребно време за читање: < 1 минута

421. Страсно семе

Слободно и со љубов
страсно плодно семе.

422. Низ процеп 

Се обидува да продре зрак
низ процеп на стена до небо.

423. Забрзано време

Се забрзало време на човек
со сè побавен чекор кон цел.

424. Драматично

Ненадејно ветриште
навалило на цел живот.

425. Планина

Се извишила планина
среде море брановито.

426. Пред народ

Конечно јавно почна
да умира сè минливо.

427. Громовен говор

Секој збор се слуша,
а никој да го стиши.

428. Вина

Скриви толку многу што нема
никој да му ја измери вината.

429. Ѕидина

Има ѕидина во тишина која
не се знае кога е изѕидана.

430. Нека биде

Очекува да биде нешто
што сал за него ќе биде.

БИДУВА, поезија/двостишија