261. Во сенка
Прибра во себе
сенка столетна.
262. Сè наоколу
Наоколу сè што било
дел од игра слободна.
263. Собрани
Од секаде се собрале
во точка како пред крај.
264. Миг меѓу
Збор, слика или песна
во некој миг незнаен.
265. Увилен
Го сретил увилен,
па не го препознава.
266. Аскеза
Никој со него
во црна пештера.
267. Јури
Од планина до низина
јури млад ветар северен.
268. Врамен
Гол човек на сонце,
врамен во своја сенка.
269. Илузија
Он има една илузија:
да е сал со прави луѓе.
270. Тегоба
Неизмерна тегоба
гори млада снага.
БИДУВА, поезија/двостишија