Бидува, 11-20

Бидува

11. Случување

Или очекувано или ненадејно
во затворен круг валкани лица.

12. Кога не сум

Сум кај што не сум
во жив свет на умрен.

13. Сами

Толку долго и многу сами,
а пред и зад бездна од молк.

14. Уште ли?

Предолго на чекор од спокој,
но никако како игра за игра.

15. Одамна сега

И сега одамна од напред,
кога во него се навестува.

16. Од земја во река

Се откорнал камен од земја,
та се струполи во матна река.

17. Познат

Го знаат сите овој ветар
од живи и мртви воздиви.

18. Исеани во говори

Исеав гласови без знаци
во одгатнати живи говори.

19. Обгор

Последен обгор
на надежен замин.

20. Му се удаде

Најпосле и нему му се удаде
да допее самопрегорна песна.

БИДУВА, поезија/двостишија

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.