Една малку позната македонска народна песна, слушната и запишана од Македонци во Егејска Македонија:
Бело Море
Бело Море, Бело Море
каде е сега правдина?
Бело Море
каде си ми ти
каде си ми ти, о судбино
беломорска земјо,
каде си ми ти
о, судбино
о, Егејска?
Еј, еј, еј, еј
дај ми да умирам
о, Господи
во Белото Море.
Eј, еј, еј, еј
дај ми да воскреснам
о, Господи, о Господи,
во Егејско Море.






