АСПЕКТИ НА МОДЕРНОТО РАДИО-РАДИО НА СОВРЕМЕНАТА МОДЕРНОСТ, научна студија

Потребно време за читање: 2 минути

11.2.14. Станбена дејностстанбена политика

Станбената дејност претставува најпрвин услужна дејност која обезбедува услуги на становање, и тоа во рамките на стандардот на населението, на урбаното-модерното живеење кое наметнува поинакви, повисоки стандарди на становање, односно искористување на станбениот фонд. Освен станбената изградба, која истовремено претставува и градежна дејност, таа опфаќа и модернизација, асанација и замена на станбениот фонд, како и активности на тековно и инвестиционо одржување на веќе изградените објекти.

Во таа смисла, станбената дејност има мошне важно место и значење, особено во период на транзиција и приватизација на општествениот капитал. Соочувањето со проблемите и барањето на решенија за нивно надминување наложува мошне активен новинарски ангажман кој претпоставува стручност и компетентност, темелно познавање на оваа проблематика. Светските искуства не треба да се пренесуваат само афирмативно, туку и критички да се согледуваат негативните трендови на тој план во развиениот свет. На пример можните решенија за тековно и инвестиционо одржување на станбениот фонд, културата на живеењето-становањето и сл. ).

Станбената политика се дефинира како активност на општествената заедница насочена кон остварување на целите во задоволувањето на станбените потреби. Таа е секогаш дел, составка или е во корелација со социјалната и економската политика на едно општество. Се имаат предвид пред сè нејзините долгорочни цели: обезбедување неопходен станбен простор на секое семејство-минимум; обезбедување станбен простор на секое семејство според неговите потреби; обезбедување на секое семејство на таков стан каков што сака (оптимум).

Станбената политика ја креираат и спроведуваат државата, граѓанинот и работната организација, а неа не ја чинат само дефинираните цели, туку нејзината суштина ја карактеризираат и одредувањето на субјектите, методите и средствата за нивна реализација.

Да повторам, таа е дел од социјалната и економската политика на општеството. Притоа, преовладувањето на економските принципи обезбедува и проширена репродукција и грижа за животниот стандард на семејството.

Третманот на станарината во тој контекст, како специфичен облик на цена во станбеното стопанство, треба да ги содржи нејзините специфики што мошне децидно ги дефинира економската торија: таа е цена за употребната вредност на станот оти со нејзиното плаќање станот како стока не се присвојува, туку само се купува правото на користење на станот; таа е кредитна цена, оти со неа во подолг временски период и периодично се исплатува вредноста на стоката што се користи; таа е цена на материјално добро со кое се задоволуваат потребите од становање, а кои спаѓаат во основни потреби, потреби на стандардот во чие задоволување почетната побарувачка е нееластична.

Во рамките на севкупните промени и во оваа област, особено внимание треба да им се посветува на пазарната и економската станарина (пазарната како економска цена на станбените услуги врз која освен вредноста на станот влијаат и пазарните фактори, а економската како вредносна цена на услугата за становањето која соодветствува на големината и структурата на вредноста на произведената стока-станот).

Станбената политика содржи две меѓусебно условени категории: станбени потреби и станбена побарувачка. Станбените потреби како претпоставени и задоволувачки (во просек околу 20 м2 станбен простор по корисник на станот), а станбената побарувачка како реално барање на населението за станови. Овие две категории претставуваат составна компонента на развојот на пазарот на станови, односно на финансирањето на станбената изградба во една земја; која пак, од своја страна врши позитивно влијание врз социјалниот и економскиот развој на земјата.

Leave the first comment