Потребно време за читање: < 1 минута

11. 2. 21. Собраниска хроника

Јасна и прецизна дефинираност на хрониката и хроничарот ги определуваат местото, улогата и значењето на овој програмско-новинарски ангажман во рамките на програмско-уредувачката политика.

Имено, хрониката во своето основно значење-како бележење на дневни настани, вести и слично во еден временски след, е составен сегмент на говорот на радиото и неговиот актуелитет, неговата животност (да се живее ритамот на денот). Тоа значи дека таа е основа на секој новинарски ангажман, следствено и на известувањето и коментирањето за работата и активноста на Парламентот (Собранието) како еден од највисоките органи на власта, како врховно законодавно тело на една земја.

Меѓутоа, во новинарската практика собранискиот (парламентарниот) хроничар често добива и превисоко незаслужено место во хиерархиското скалило; иако станува збор за „обично“ односно „стандардно“ донесување (пренесување) на вести и пошироки белешки за создавањето, градењето на политиката во Парламентот (Собранието), за решавањето на основните прашања од политичкиот, стопанскиот, социјалниот, културниот живот и општествениот развој воопшто. Со други зборови, сè се сведува на тн. зазнаетчиско новинарство.

Прочитај и за ... >>  АСПЕКТИ НА МОДЕРНОТО РАДИО-РАДИО НА СОВРЕМЕНАТА МОДЕРНОСТ, научна студија

За новинарот-аналитичар е многу поважна хроничарската активност или ангажман како извор врз кој се потпира, од кој се создава сопствена аргументација, се изведуваат сопствени заклучоци, анализи, сознанија и ставови. Особено кога станува збор за донесување акти од општ карактер, како што се на пример општествениот план, буџетот, разни прописи и слично. Токму таквиот пристап е од првостепено значење за активитетот на радиото на современата модерност.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here