Андре Рие

Потребно време за читање: 3 минути

André Léon Marie Nicolas Rieu (1. октомври 1949) е холандски виолинист, диригент, композитор и најпознат како оформувач и раководител на „Јохан Штраус оркестарот“.

Роден е во музичко семејство со 6 деца. Татко му бил диригент, а тој од многу мала возраст развива интерес за музиката. Почнал да учи виолина на 5 години.

Студирал на Конзерваториумот Ројал во Лиеж и на Конзерваториумот Мастрихт (1968-1973). Од 1974. до 1977. година студирал на Музичката академија во Брисел, кај што ја освоил Premier Prix на академијата.

Во 1987. година го формира „Јохан Штраус оркестарот“, како и сопствена музичка компанија. Оттогаш, благодарение на неговите мелодраматични сценски изведби, со оживување на валцерот, но и обработки на разновидна класична и современа (поп- рок) музика станува голема светска ѕвезда.

Свири на виолина Страдивариус од 1667. година.

Оркестарот на почетокот го сочинувале 12-мина музичари, но сега се состои помеѓу 40– мина и 50– мина(непостојан број). Настапува низ Европа, Северна Америка и Јапонија.

Во септември 2007. година одржува соло концерт во Австралија, без неговиот оркестар,а во ноември истата година настапи и со него, во рамките на светска турнеја. Одржа 3 концерти во Мелбурн, а на крајот од следната- 2008. во Перт, Сиднеј, Бризбејн и Аделаида. Годишно одржува по неколку концерти ширум светот.

Андре Рие е добитник на бројни награди, а неколку албуми достигнаа златни и платинести тиражи во многу земји. Има свое студио во Мастрихт и досега издал поголем број DVD и CD со мошне широк опфат на класична, популарна и фолк музика.

Бројот на неговите обожаватели постојано се зголемува, на неговите концерти присуствува многуилјадна публика која извонредно се забавува, па многумина музички критичари кои се негативно настроени спрема неговите изведби и концерти натера да истакнат: неодминлив е фактот оти Андре Рие им носи радост на милиони луѓе.

Дискографија:

Amore (December 2017), Falling in Love (November 2016) – with His Johann Strauss Orchestra, Viva Olympia (August 2016) – with His Johann Strauss Orchestra, Magic of the Waltz (May 2016) – with His Johann Strauss Orchestra, Roman Holiday (November 2015) – with His Johann Strauss Orchestra, Magic of the Violin (May 2015) – with His Johann Strauss Orchestra, Un amour à Venise (November 2014), Les mélodies du bonheur (May 2014), Love Letters (February 2014), Music of the Night (2013), Nuits magiques (November 2013), Live in Maastricht VI (October 2013) – 25th anniversary, Home for Christmas (11 December 2012), Live in Brazil (2012),And the Waltz Goes On (2011), Moonlight Serenade (November 2010) – Australian Albums: No.17, Live in Maastricht IV (September 2010), My African Dream (August 2010) – South Africa, You Raise Me Up – Songs for Mum (May 2010) – Australian Albums: No.8, Forever Vienna (December 2009) – UK: #2, IRE: No.4, The Very Best of André Rieu (October 2009) – Australian Albums: No.23. I Lost My Heart in Heidelberg (29 September 2009) – with the Berlin Comedian Harmonists, Live in Maastricht III (8 September 2009). You’ll Never Walk Alone (May 2009) – Australian Albums: No.2, Live in Australia (December 2008) – Australian Albums: No.14, Live in Maastricht II (November 2008), Ich tanze mit dir in den Himmel hinein (October 2008) – Wedding, Semper Opera, Dresden, Live in Vienna (September 2008, Waltzing Matilda (April 2008) – Australian Albums: No.1, In Wonderland (2007), Live in Vienna (2007), Auf Schönbrunn (2006, New York Memories (2006), Songs from My Heart (2005), Christmas Around the World (2005), Live in Tuscany (2004), The Flying Dutchman (2004), New Year’s Eve in Vienna (2003), André Rieu at the Movies (2003), Live in Dublin (2003), Romantic Paradise (2003), Maastricht Salon Orkest – Serenata (2003), Love Around the World (2002), Dreaming (2002), Live at the Royal Albert Hall (2001), Musik Zum Träumen (2001), La Vie Est Belle (2000), Fiesta! (1999), 100 Years of Strauss (1999), Romantic Moments (1998), The Christmas I Love (1997), In Concert (1996), Strauss gala (1995), D’n blauwen aovond (1995), Hieringe biete 1 & 2 (1995), Strauss & Co (1994), Hieringe biete (1993), Merry Christmas (1992).

Leave the first comment