Колку зависиме од владетелите и политичарите? Колку сме тоа што сме и што мислиме оти сме кога зависиме од нив?
Дали само слободата и слободоумноста зависат од нив или…
Повеќе вреди војска на магариња што ја предводи лав, одошто војска на лавови што ја предводи магаре.
Наполеон I Бонапарта
За стадото секако не е добро ако пастирот му е-овца.
Јохан Волфганг Гете
Лесно е да заповедате со други.
Плаут
Кога некој владетел бара злосторство, него и премногу добро го слушаат.
Франсоа Мари Аруе Волтер
За успешно да ја врзете масата, морате да се правите како да носите исти окови.
Франсоа Мари Аруе Волтер
Султан над султаните е оној што ја стекнал љубовта од сиромашните.
Калил Џибран
Кога самиот владетел го работи она што е право, ќе има влијание врз народот и не издавајќи наредби. А кога самиот владетел не го работи она што е право, сите негови наредби нема да бидат од никаква корист.
Конфучиј
Нека научи да владе со себе оној што сака да владее со светот.
Јоханес Линакоски
Кој не знае да разликува, не знае ни да владее.
ЛУј XI
Владетелите некогаш ги забораваат ветувањата, ама народот никогаш.
Ѓузепе Мацини
Страшни се масите ако ги водат лоши водачи.
Еврипид
Владетелот: „Јас ви наредувам да ме плаќате, а вие ме плаќате да ви наредувам“.
Карел Чапек
И на највисокиот престол на светот сепак седиме само на својата задница.
Мишел д Монтењ
Владетелите мораат да се чуваат од ласкавци како од чума. За да се одбранат од нив, нека изберат умни луѓе и потоа да ги овластат слободно да им ја зборуваат вистината.
Николо Макијавели
Владетелот мора многу да бара од самиот себе.
Свами Хамсананда
Политичарот е исто што и фудбалскиот тренер: мора да биде паметен за да ја разбере играта, но и доволно глупав да мисли дека е тоа важно.
Јуџин Мекарти
Политичарите ниту сакаат, ниту мразат: со нив владее интересот, а не чувството.
Филип Станхоп Честерфилд
Престани да бидеш водач на својата партија и ќе бидеш нејзин дезертер.
Жил Франсоа Симон
Тој не знае ништо и мисли дека знае се. Таквиот став води единствено во политичка кариера. Џорџ Бернард Шо
Многумина политичари потсетуваат на клавир- штимери: со засилување на напнатоста настојуваат повторно да воспостават рамнотежа.
Валтер Липман