Веднаш по раѓање
мораше најпрвин
да научи да искуси
дека секое жедување
е некој почеток
на почеток на крај
безживотен.
Тогаш мораше
најпрвин да се соочи
со случаен извор
сокриен во стена
која никој со снага
не може да ја пробие
за да го надмине
своето жедување.
Оттогаш жедувањето
го разбра најпрвин
како некој почеток
на почеток на крај
безживотен
а потоа
научи за цел живот
дека тоа се гасне
со извор кој никогаш
не смее никој и ништо
да го угасне.
ВНАТРЕШНИ СОДРЖИНИ, Преживување, поетска студија, 27






