Продорен поглед на лице
испиено
продорен глас од грло
исушено
продорен збор во уста
молкната
на човек кој не памети
ни кога се родил
ни откога е умрен
во пустелијава бесплодна.
Всушност скаменет поглед
на лице испиено
всушност скаменет глас
од грло исушено
всушност скаменет збор
во уста молкната.
Пред налет на птица
грабливка.
ВНАТРЕШНИ СОДРЖИНИ, Преживување, поетска студија, 26




