Ноќ пред ден

Внатрешни содржини

Минува ноќ како да нема
да мине до ниедно време
глуво студно изрането
зловесно
како никогаш по неа
да нема да има друга.

На црното небо
во далечина непрегледна
се јавуваат мигум зраци
безвучни безимени
па мигум исчезнуваат
не стасувајќи до исти
поголеми или помали
од нив.

Еден живот уште жив
не се ни обидува
да ја разбере суштината
на преживувањето
до ноќ пред ден
неизвесен а надежен.  

ВНАТРЕШНИ СОДРЖИНИ, Преживување, поетска студија, 25

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.