Воведувам млад човек во негова работа:
-Прво и најважно од сѐ е да разбереш дека работиш за себе најмалку колку да сработиш за други. Нагласувам за други, не за друг. Затоа што ако не работиш прво за себе така, после ништо нема да сработиш за други.
Младиот човек ме гледа збунето, па вели воздржано:
-Извинете, да не се изразивте погрешно? Да не мислевте обратно, дека треба да разберам оти работам за други најмалку колку да сработам за себе?
Не е прв што ми го поставува тоа прашање. Му одговарам решително:
-Не, не, не се изразив погрешно. Не мислев обратно. Размисли, па ќе продолжиме со воведувањево.
Сѐ уште чекам да дојде и да почне со работа.
На огласот за вработување на еден мој помошник досега се јавија четворица, но ниеден не го прифати мојот единствен услов: да ја презема мојата работа и кога сум и кога не сум на работа.
Последен стих на мојава песна за сакањето на работата:
Дека си прво посебен, а после ист како други.
ДРЕБНАВОСТИ НА ДРЕБНАВ ЧОВЕК, наративна поезија, 20




