Како секоја друга од мене
и оваа поетска инсталација
се случува во исто време
кога се случуваат собитија
кои или биле или никогаш
не биле дел од мене
како случување.
Во исто време заживуваат
дамнешни сегашни идни
животи кои биле
можеби суштествени
можеби безначајни
можеби на почетокот
можеби на крајот
а сите траат само миг
ни помалку ни повеќе.
Затоа што на ѕвездено небо
нема конечност
има воздиви има издиви
брзи долги длабоки
неретко непрестани.
Зашто на мојот небосклон
во исто време постојат
многу светови
никогаш едни сплотени
поврзани
значи никогаш менливи
ниту во единство
со на луѓе кои некогаш
или сега се разбираат
со јазик на знаци кои
се менуваат деноноќно.
Во исто време
препејувам пев и повев
на искон.
ПРЕПЕВ НА ПЕВ И ПОВЕВ, Сетне, поетска инсталација, 66




