Pink Floyd – биографија на бендот што ја претвори музиката во филозофија
Британски рок состав Pink Floyd се формираат во 1964. година во Кембриџ (Англија), во време кога британската рок-сцена допрва ги бараше своите граници. Името го смислил членот Сид Барет (Syd Barret), комбинирајќи ги имињата на двајца американски блуз-музичари од Џорџија. Тој гест уште тогаш навестува дека станува збор за бенд што ќе гледа наназад кон корените, но ќе оди далеку напред во експериментот.
Сид Барет и психоделичната ера
Откако Барет (Syd Barrett) почнал да покажува знаци на ментална болест поради земање на дроги, групата во 1968. го заменила со гитаристот Дејвид Гилмор (David Gilmoure), а со текот на времето водач станал бас гитаристот Роџер Вотерс (Roger Waters), еден од главните автори на песните. Под негово водство групата ги сними најзначајните албуми и доживеа светски успех.
Раните години на Pink Floyd се обележани со харизмата и креативната експлозија на Барет. Албумот The Piper at the Gates of Dawn (1967) и денес се смета за еден од темелите на психоделичниот рок. Но, интензивната употреба на психоактивни супстанци и влошувањето на менталното здравје на Барет постепено го прават неговото присуство неодржливо. Во 1968 година, на негово место влегува Дејвид Гилмор (David Gilmour), со што започнува ново поглавје. Со текот на времето водач станал бас гитаристот Роџер Вотерс (Roger Waters), еден од главните автори на песните.
Вотерс, концептот и златната декада
Со текот на времето, креативното водство го презема Roger Waters. Под негово влијание, Pink Floyd се трансформираат од психоделичен бенд во концептуална машинерија. Албумите The Dark Side of the Moon (1973.), Wish You Were Here (1975.), Animals (1977.)и рок-операта The Wall (1979.) не се само музички изданија, туку филозофски трактати за времето, отуѓеноста, моќта и човечката кревкост.
(The Dark Side of the Moon и денес е меѓу најдолго рангираните албуми на Billboard.
Спектаклот како порака
Pink Floyd не ја гледаат сцената како место за обична изведба. Концертите стануваат аудиовизуелни спектакли, со филмови, светлосни ефекти и сценографија без преседан. Кулминацијата е турнејата The Wall, кога меѓу бендот и публиката се гради вистински ѕид – моќна метафора за дистанцата меѓу уметникот и општеството.
Разделбата и правото на името
Во 1985 година, Роџер Вотерс ја напушта групата, уверувајќи дека Pink Floyd веќе не постои како креативна целина. Следува судски спор, па Гилмор, Мејсон (Mason) и Врајт (Wright) по краткотраен судски спор постигнуваат вонсудска спогодба со Вотерс која им дозволува да продолжат да настапуваат и да објавуваат под истото име – Pink Floyd. Под тоа име го издаваат албумот The Division Bell, последниот класичен студиски албум на бендот. Потоа Дејвид Гилмор (David Gilmour) изјави дека ќе се посвети на соло кариера.
Повторни средби и последни акорди
Историски момент се случува во 2005 година, кога Pink Floyd, заедно со Роџер Вотерс, настапуваат на Live 8 во Лондон – прво целосно обединување по речиси 25 години. Потоа сите членови уште еднаш се собраа во 2007. на концерт во Лондон, во спомен на Сид Барет. Тогаш Вотерс настапи издвоено од останатите тројца членови. Во 2008 година починува Ричард Врајт, што практично ја затвора можноста за нови заеднички проекти. Во 2014 година сепак се појавува албумот The Endless River, базиран на архивски материјали и посветен токму на Врајт.
На 15. септември 2008. во 65. година од животот почина клавијатуристот Ричард Врајт (Richard Wright).
На 10. јули 2010. во Кидлинтон, Англија, Дејвид Гилмор и Роџер Вотерс настапија заедно на добротворен концерт за Hoping Fondation, фондација која собира средства за подобрување на животот на децата во Палестина.
Групата е обележана според психоделичните и прогресивни рок композиции, филозофските текстови на песните, звучното експериментирање, иновативните обвивки на албумите и внимателно осмислените настапи во живо.
Наследство што не старее
Pink Floyd се смета за една од најуспешните рок групи на сите времиња, а се продадени околу 75 милиони нивни албуми во САД и над 200 милиони албуми ширум светот.
Со над 250 милиони продадени албуми ширум светот (извор: https://www.riaa.com), Pink Floyd се сметаат за една од највлијателните и најуспешните рок-групи во историјата. За пошироката публика тие се симбол на песни како „Wish You Were Here“, „Comfortably Numb“, „Money“ и „Another Brick in the Wall“, но за милиони слушатели тие се нешто повеќе – саундтрак на лични преиспитувања и генерациски искуства.
Константната потреба концертниот настап да се претвори во што поголемо шоу резултира со поголеми идеи и изведби, сѐ до поставување на вистински ѕид (од картонски кутии) помеѓу бендот на сцената и верната публика.
Членови на составот Pink Floyd
- David Gilmour (вокал, гитара)
- Nick Mason (тапани)
- Richard Wright (клавијатури) (28. јули 1943.- 15. септември 2008.)
Поранешни членови
- Syd Barrett (вокал, гитара)
- Roger Waters (вокал, бас гитара)
- Bob Klose(гитара).
Студиски албуми
- The Piper at the Gates of Dawn – 1967.,
- A Saucerful of Secrets – 1968.,
- Ummaqumma – 1969.,
- Atom Heart Mother – 1970.,
- Meddie – 1971.,
- The Dark Side of the Moon- 1973.,
- Wish You Were Here – 1975.,
- Аnimals- 1977.,
- The Wall – 1979.,
- The Final Cut – 1983.,
- A Momentary Lapse Of Reason- 1987.,
- The Division Bell – 1994.
Филмска музика
- Music From The Film „More“ – 1969.,
- Obscured By Clouds – 1972.
Компилации
- Relics 1971.,
- Nice Pair- 1973.,
- A Collection of Great Dance Songs 1981.,
- Works 1983.,
- Shine On- 1992.,
- Early Singles 1992.,
- Echoes: Best of Pink Floyd 2001.
Книгата што ја раскажува целата приказна
Новинарот Марк Блејк (Mark Blake) ја објави биографијата под необиечен наслов Pigs Might Fly („Кога свињите ќе полетаат“), која денес се смета за една од најтемелните и најискрените приказни за бендот. Станува збор за биографија на бендот во која се забележани сите значајни моменти и случувања од неговото постоење, како и основните „елементи“ на неговиот култен статус. Оние што ја прочитале истакнуваат дека е најдобра можна биографија која ги опишува најважните моменти на животите на членовите. Книгата ги поврзува музиката, конфликтите и митологијата околу Pink Floyd во кохерентна целина. (издавач: https://www.penguinrandomhouse.com)
Pink Floyd никогаш не биле само збир на музичари, без оглед што некои отишле во потрага по здрав разум, соло кариери, самодокажување и друго. Ниту некогаш би била тоа што е без сите членови. Тие се процес, судир на идеи, егота и визии. Без секој од своите членови – и оние што заминале и оние што останале – бендот не би бил тоа што е. Фасцинантната историја се чита во еден здив, а нивната музика и денес звучи како предупредување, утеха и прашање без конечен одговор.






