1-256

1. Не издржува надградба врз слаба градба, ниту градба без обмислена идна надградба.

2. Сосед кој не ти мисли ништо добро е твој најголем непријател.

3. Ем преплатени ем потплатени арамии на власт!

4. Се разбира дека не сум тврдоглав, но и не ми е грижа од каде дува ветрот.

5. Јас не запирам, а вие што ме следите како сакате.

6. Сечиј избор е личен, па и кога е согласен со на друг.

7. Големината на човекот се мери со силата на неговата творечка енергија.

8. Ситните нешта радуваат, крупните успокојуваат.

9. Зломислениците и злодејците се далеку под мене, и тоа им е најнесносливо.

10. Моето грандиозно творештво се повидливо во светот, а дома се уште голема слепота за него.

11. Со мене можат само оние со кои сакам да бидам.

12. Последното разочарување е најголемо и најтешко надминливо.

13. Последиците од нечинењето совреме се секогаш најголеми и најдолгорочни. Неретко трајни.

14. Што сте пропуштиле денес, тешко ќе надоместите утре.

15. Не знам за твојата, но и по многу години мојата љубов се докажува дека е неугаслива.

16. Секое вчера се чини подобро и поубаво од денес. Многу од него незаборавно за оние што се од вчера.

17. Здравиот ум и духовноста на човекот не стареат.

18. Вели дека си му помогнал некогаш, но не се сеќава како.

19. Му велиш дека ни ти не се сеќаваш, но ти е многу драго.

20. Ја злоупотребувале мојата добродушност, а јас не сум возвраќал никако.

21. Добрина сал за добри и добронамерни луѓе.

22. Познавам неколкумина писатели, но со ниеден немам ништо заедничко. Жалам што е така.

23. Се плашам дека додека сум жив нема да се сретнеме барем уште еднаш.

24. Многумина паметам според нивниот докажан карактер.

25. Никаквеци безброј во политиката. Затоа што таа најбрзо обогатува.

26. Или се бориш најжестоко против арамиите што биле на власт или си и ти еден од нив.

27. Не е залудно она што не е бесцелно.

28. Најболни се збогувањата со ближни и со себеси.

29. Лошотијата расте, се множи и доведува до безумие.

30. Зарем никаде не сме јас и ти, љубов?

31. Ако не може инаку, тогаш како мора.

32. Безмерна животворност ни за благодарност.

33. Нема човек кој нема свои тајни.

34. Против творечкото совршенство на вештачката интелигенција:

35. Совршена несовршеност на креативниот дух.

36. Автентичноста и индивидуалноста на едно дело пред сѐ друго во врска со него.

37. Неспоредливо-значи оригинално.

38. Она според што те препознаваат е највредното од тебе.

39. Од понудата и побарувачката зависи цената. Не вредноста и траењето.

40. Прашај го оној што знае за она што не ти треба или не сакаш да го знаеш.

41. Трагична последица на консумеризмот:

42. Вреди до ново или додека ти треба.

43. Внимавај кога правиш сѐ во еден здив. Може да ти биде последен.

44. Сѐ помалку има што трае. Дури и време.

45. Ништо чисто со пред тебе едно, а зад тебе сосема друго.

46. И љубовта има свој светоглед.

47. Наместо да учиме да поправаме, доправаме и преправаме, ние забрзано смислуваме како да не може да се поправа, доправа и преправа.

48. Создаде доволно за незабележано да отиде во неврат.

49. Неверојатно:
Учени и умни луѓе членуваат во партија на идиоти!

50. Нужноста од радикални и темелни промени иде од неможност за постапни реформски процеси.

51. Тежок живот со лицемери арамиски на власт.

52. Совеста е секогаш будна во човек со чисто срце и благородна душа.

53. Владеат со народот смислувајќи како да продолжат да го крадат.

54. Чади, чади, но никако оган да се разгори.

55. Низ длабок мрак не продира ни зрак светлина.

56. Пред немоќни луѓе луѓе со цврста волја да чекорат несопирливо напред.

57. Мудрост секогаш од непомирливи со постојното.

58. Спокој и смирение најголеми во доволност.

59. Љубов за љубов секогаш со љубов.

60. Секогаш има предзнаци кои докажуваат дека никогаш нема случајност во она што се случува и допрва ќе се случи.

61. Немоќта навалува најпрвин со рамнодушност.

62. Никогаш доволно време за заедно.

63. Мир со сите за сечиј мир.

64. Отворено, директно, искрено, чесно-за мнозина непријатно.

65. Соодветна реакција на обмислена акција.

66. Не стој пред мене како жив споменик. Продолжи или тргни се.

67. Не е важно како ќе завршам, туку колку.

68. Навалил туѓин да освојува твое однатре.

69. Нека биде и ваше колку што е мое.

70. Какви бевме, такви останавме. А времево е друго.

71. Се подалечни сме зашто се познаваме се помалку.

72. Се воздржувам за да не згрешам.

73. Важно е колку сме искрени.

74. Во меѓувреме љубов, а секој со свој и во свој живот.

75. Кај ми е трпението? Го изгубив играјќи се со него.

76. Човек со свој светоглед кај и да е.

77. Ах, време мое неповратно.

78. Продолжението зависи еднакво од почетокот и крајот.

79. Од сомнеж до недоверба-ни чекор.

80. Голема и мали игри се играат наспоредно.

81. Слободоумен не се прилагодува на ничија политика.

82. Јунаштвото се докажува со достојност, доследност и непоколебливост.

83. Живееш еден живот, а преживуваш многу.

84. Не барај интелектуалец во толпа. Или ја предводи или е зад неа.

85. Се исмеваш зашто не ти е до смеење.

86. Творецот со секое свое ново дело ја докажува постојаноста на своето творештво.

87. Собираш сила за да продолжиш со сила без создателна енергија.

Прочитај и за ... >>  Суштина на повторлив сон

88. Може да е предоцна за нова, но никогаш не е доцна за стара љубов.

89. Никој не може да те сопре ако знаеш, можеш и сакаш.

90. Светол зрак на хоризонтот.

91. Со среќа среќни и задоволни.

92. Нездраво е да се трошиш за пари.

93. Ти бега мислата зашто немаш зборови со кои да ја искажеш.

94. За тебе не знам, но за мене си знам.

95. Доста зборуваше! Почни да мислиш, да смислуваш, па да решаваш и дејствуваш.

96. Плиток ум користи излитени и лесни зборови.

97. Се челичел минувајќи низ многу сита и решета.

98. Немаш избор зашто стоиш на крстопат со исти патишта.

99. Само од тебе зависи до кога ќе го криеш она што го криеш во себе.

100. Ни со големи и мали, ни со богати и сиромаси, ни со важни и безначајни. Додека си свој на свое.

101. Бесмислено е да бараш смисла без содржина.

102. Си на еден од твоите врвови, но не знаеш дали е тој твојот највисок.

103. Многу години искуство и знаење за никого.

104. Бавна е, дури е незабележлива староста на човек кој не ѝ се предава на премаленоста.

105. Спокоен глас се слуша радо.

106. Спротивностите во љубовта ниту се привлекуваат, ниту се оддалечуваат. Се надминуваат со взаемно уважување.

107. Вредиш меѓу вредности како човек.

108. Заеднички творечки енергии создаваат големи дела.

109. Секој ден исто? Зависи исклучиво од тебе.

110. Молчам пред тебе од што имам многу да ти кажам.

111. Кога сѐ би одело по ред, живеачката би била во ред.

112. Расчисти пред себе, околу себе и со себе, па продолжи.

113. Секогаш напред со мисла,намисла и умисла.

114. Особено на ветрот на промените му треба сила.

115. Добро се познаваме, па маски не ни се потребни.

116. Не го гледај и не го слушај оној што не го поднесуваш. Заради својот спокој.

117. Многу време во нас со секакви невремиња зад нас.

118. Меѓу премрежиња човек не издржува долго.

119. Тој е уште жив?! Блазе си му!

120. Нема зошто да се познаваме.

121. Големо дело од тебе во минато за денес и утре.

122. Ништо премногу со љубов.

123. Мислата поврзува, врзува и обврзува блиски луѓе.

124. Не и заедничкиот, туку единствено личниот интерес го движи светот. За 1жал.

125. Смислата и значењето најпрви.

126. Да бидеме заедно додека сме.

127. Знаци, слики и слова-пораки.

128. Се чувствуваш осамен? Замешај се во луѓе во секое време.

129. Минаа многу години од мојот почеток без крај.

130. Во запустено домашно огниште тлее невидливо жарче.

131. Суетата е одбрана на свест за помала вредност или безначајност.

132. Најголем пораз е последниот.

133. Меѓу паметење и заборав-постоење.

134. Ни да ни не додека не согледаш и промислиш.

135. Колку жално за општество, толку трагично за држава со големи луѓе и големи дела во молк.

136. Секоја чест за издржливоста против медиокритети.

137. Сум рекол инаку, а сега вака:
Партија која е долго, та предолго во клиничка смрт треба час поскоро да се збрише сама однатре.

138. И младоста и зрелото доба и староста се исти во љубов.

139. Никој во чекор со мене на моја врвица кон мој врв.

140. Не може во ред неизброени.

141. Неизмерно богати, а бедни луѓе на власт.

142. Кој совреме препознава и поддржува вредност, тој е за почит.

143. Благодарен за какво било помагање во одбрана на човечкото достоинство.

144. Човек во борба за свое место под Сонцето:
Се разбира дека на крајот ќе победам јас. Залудно се трудат да ме оневозможат.

145. Стојам стамено пред вас со самосвест, докажан личен идентитет и непореклив интегритет.

146. Творецот до смрт води борба за самодокажување со дело.

147. Одиме натаму-до целта.

148. Нема да ти се случи ако не дозволуваш.

149. Од една страна ти сам, а од друга ништожници здружени против тебе.

150. Човек што твори деноноќно никогаш нема време за губење.

151. До кај сме? До кај што успеавме да сме.

152. Принуди го светот да го открие и научи твоето грандиозно дело.

153. Не помислувам никако да третирам медиокритети што ги предводат политикантски идиоти.

154. За љубов сиот мој свет.

155. Недозволиво е залудно потрошено време.

156. Ако не знаеш многу, потруди се да знаеш доволно.

157. И борба и натпревар до цел.

158. Ти секогаш со знаење и сила до последен момент.

159. Сè заслужено макотрпно.

160. Не е можна голема игра со мали играчи.

161. За баланс меѓу емоции и рационалност.

162. Пакоста и омразата конечно ќе те пеплосаат.

163. Ништо за човек на крајот на краиштата.

164. Мојата единственост е спокојна зашто е непореклива.

165. Се радувам што те запознав како човек.

166. Мора да се знае што е што. За да не се извртуваат нештата, ниту да се присвојува туѓо.

167. Автентичноста е првото скалило на скалата на оригиналноста.

168. Јас со моиве години, вие со вашата младост. Кон заеднична цел.

169. Труди се совреме да ги разбираш нештата околу тебе. За за тебе да не биде предоцна.

170. Ја живеам љубовта во мене.

171. Најпосле најпрвин:
Сувереноста на пиедесталот.

172. Како живеам? Како што знам, умеам и ми дозволува времето.

173. Правиш скришно од други, значи непријателски.

174. Срамно е да злоупотребуваш нечија искреност.

175. Драгоцена средба со пријател во твојот свет.

176. Нема врска со моиве години? Може.

177. Блискоста не значи дека сме блиски. Треба уште многу друго за да бидеме.

Прочитај и за ... >>  Себичност-Несебичност (Егоизам-Алтруизам)

178. Откривам според непобитни знаци, слова, гласови, звуци и артефакти. Непорекливо.

179. Секој следен чекор поголем и поцврст. Дека знам кон каде одам.

180. Моето творештво само му ја докажува својата вредност на светот. Не на минливите и безначајните во него.

181. Само со вистини. Доста со лаги, измами и мајмунлаци!

182. Неверојатно глупав предводник на партија во опозиција. За него нема лек.

183. Да се разбереме!
Јас не добивам ништо со ваше признание или награда. Добивате вие.

184. Лошите нешта не нè одминуваат, а добри за нас никако да почнат.

185. Успеав и покрај сè што ми сторија злодејци.

186. Ме остави без зборови, љубов.

187. Предавници, арамии и секакви изроди платени со народни пари работат и дејствуваат против народот!

188. Не ти се верува, ама се случува пред твои очи. Затоа што тоа ти го дозволуваш.

189. Трагикомедија:
На сцената драма, а зад кулисите комедија.

190. Се смееш последен затоа што си последен?!

191. Скитник без трага во пустелија фати бестрага.

192. Надвор го откриваат како прва мислечка и единствена творечка личност на светот денес, а дома е безначаен старец кој си го живурка животецот што му преостанал.

193. Вака не можеме, а инаку знаеме, но не сакаме.

194. Секогаш сум со луѓе кои ми се блиски и драги, и со кои споделувам вредности.

195. Тежината најмногу зависи од годините. Мислам на староста.

196. Веќе не сме ни за безгрижни детски игри.

197. Предадени дишеме отровен воздух и молчиме умирајќи.

198. За никаде сме штом дозволуваме полуписмени и неписмени мафијаши да владеат со нас.

199. Посветено, доследно, упорно, тврдоглаво, трпеливо, решително и стамено чекорам кон нови творечки и културни хоризонти.

200. Гнилост го разнебитува развиениот западен свет.

201. Да бидеш што си кај што си и до кога ќе бидеш.

202. Може да угасне љубовта? Сосила да.

203. Не е време за гласност. Одамна е за громогласност.

204. Се збрале лигавци за меѓусебно лигавење.

205. Стар бел дедо жив како да не е.

206. Небитно е дали ќе те паметат или брзо ќе те заборават. Битно е да си човек и да оставиш добро дело зад себе.

207. Против нас се, а ние им се понижуваме!

208. Како цел живот, и сега не можам сѐ, но можам уште.

209. Времето нѐ забрзува со тоа што секогаш ни недостасува.

210. Секогаш многу преживуваме, а недоволно одживуваме.

211. Прво слушајте се себеси, па потоа слушајте блиски.

212. Се предаваш поради залудност и немоќ.

213. Последниот напад не е најдобра одбрана, туку саможртва во очај.

214. Насилството е немоќ на бунтовноста.

215. Не се надевај на светлина на крајот од тунелот. Ако не разбираш зошто си во него.

216. Човечката зрелост се изразува со однесување, мислење, зборување и молчење.

217. Не те бидува за предводништво, па ти се криви сите што ти се спротивставуваат.

218. Меѓу нас и во нас љубов на виделина.

219. За големи очекувања потребна е голема надеж.

220. Одиш напред. внимавајќи на сѐ што се случува лево и десно.

221. Годините никогаш немаат врска со подемот и падот. Има здравјето.

222. За колку идни животи моето дело?

223. Следам што се случува, промислувам, заклучувам и се обидувам да предвидам што ќе се случи.

224. Без вчера денес за денес, а за утре којзнае.

225. Мене ми е сѐ повеќе сеедно за мене.

226. Невозможен успех:

227. Задоволство од сопственото дело.

228. Внимавај да не му сториш никакво зло на човек наместо.

229. Понижувањето е прво во страховладеење.

230. И во свое и во наше време.

231. Мрачнина без ведрина на духот.

232. Ако знае и учи, ако гради и надградува и ако во создавањето вредности воспоставува рамнотежа меѓу квантитетот и квалитетот, мал може многу брзо да стане поголем од голем.

233. Полесно ти е сѐ, дури и смртта кога навремено откриваш предзнаци.

234. Независен слуша внимателно, промислува длабоко, па заклучува и решава одлучно.

235. Љубов некогаш, љубов сега и засекогаш.

236. Те месат и те толчат оти си им паднал в раце.

237. Ножот под грло има најостро од сите сечива.

238. Будала се умислил силен!

239. Аполитичен тера своја политика?!

240. Немоќен си зашто не е добро, а не може ни да биде.

241. Човек е сегде за нигде кога не знае како сам, до кога, до каде и до колку.

242. Смислено е не за да се мисли, туку за да се дејствува или создава непречено.

243. Стоиш пред огледало и се восхитуваш колку убаво ти стои глупавштината.

244. Останаа само лигуши во партија која е завршена приказна.

245. Богати и полтрони во полит-олигархиски кругови.

246. Само длабок рез за коренити промени.

247. Обессилен без своја цел.

248. Благородниот човек е слободен и доблесен.

249. Економијата и политиката се меѓусебно најзависни.

250. Си вообразил дека си предводник, а не предводиш никого!

251. Голема љубов во чесна сиромаштија.

252. Ни гледаш ни слушаш како ти подметнуваат и ти се потсмеваат.

253. Толку е чесен, што никој не сака да биде со него.

254. Со грдости од немоќ против убавини.

255. Има прашања кои заслужуваат да им се постават на оние што се прават наудрени.

256. Не се оди ни напред ни назад стоејќи во место.

ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК, АФОРИЗМИ И ДРУГИ ЈАДРОВИЗМИ ИЛИ ПРОБЛЕСОЦИ ВО МИСЛАТА
Мислени кажувања за што било:
Промисли-домисли, согледби-стојалишта, умности-премудрости, XXVIII

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.