Предводник

Препев на пев и повев

Многу наликува
на предводник
на мртви луѓе сè уште
и понекој жив
мртви птици сè уште
и понекоја жива
на нивни живи сенки
и понекоја мртва
сè уште.

Несомнено е дека
намерно го прикажал
уметникот таков
решителен
со ладнокрвен поглед
со исправена става
со напнати мускули
во мудар молк.

Чудно е што никој
присутен и отсутен
близок и далечен
сè уште
не го ни забележува
а камо ли да застане
зад него
дури не зачекорил
во недогледна шир.

ПРЕПЕВ НА ПЕВ И ПОВЕВ, Сетне, поетска инсталација, 60

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.