Веќе сега може
да се рече дека е он
подготвен еден сам
за продолжение
на почеток
на ново итање кон
нов свет
сè уште неосвоив
од живи души на луѓе
кои не успеале
да се изборат за своја
лична слобода.
Нов свет неосвоен
неосвоив а податлив
за освојување
и он подготвен
еден сам
може како последна
жива душа на човек
личнио слободен
од дамнина
до каква било иднина.
Веќе не се прашува
како е подготвен
за итање кон нов свет.
Не знае како може
да е секаков
но во секој случај
свет во кој
личната слобода
е најважно обележје
идентитетско
кое никој никако
не ќе може да го окове
за сите времиња.
ПРЕПЕВ НА ПЕВ И ПОВЕВ, Сетне, поетска инсталација, 58




