Суштини, 50-56

Суштини

50. Сè

Сè далечина
Сè близина
Сè висина
Сè длабочина.

Сè свет еден
Или меѓу два
Еден
За сè што е
Секогаш.

51. Топол глас

Меѓу студени гласови
Еден топол се јавува
Да прилагоди живот
На луѓе кои растат
Постојано
Кон небо и сонце
Дење
Кон небо и звезди
Кон нова будност.

Се јавува топол глас
Да надмине студени
Кои веќе изѕемнале
Срца и срцевини.

52. Штит

Останал сончев штит
Да сведочи за одбрана
На доблести оставени
На бојно поле
Далеку од ѕидишта
Далеку од тврдини.

Останал оставен
Во агол на мрачина
Што обвила векови
Незаборавни
Вкоренети.  

53. Ридје

Кој ли го собрал
Ридјево
Околу живот
На вода и земја
Во нивно време.

Го собрала љубов
Во младост
Дамна пламната
За да се одбрани
Од сè што може
Да ја снеможи.

54. Сами

Луѓе сами
Се спуштаат
Од свои врвови
На самост
Кон бран морски.

Морски бран
Од ветар што носи
Бурно време
И урива брег.

Прочитај и за ... >>  На погребување

По длабока самост
На луѓе
Од свои врвови
Кон пуст брег.

55. Далеку

Далеку далеку
Предалеку
Оддалеку
Непрегледно.

Човек не знае
Како далеку
Да се најде близу
Што поблизу
До себеси.

Како некој во сон
Недосонет.

56. Кога било

Имав имаш
Сме имале нешто
Наше
Кога било.

Што сакаш ти
Од што имаш.

Не сакам ништо
Мое или твое.

СУШТИНИ, зборопој/зборови за пој, елементарна поезија

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.