Народски изреки VIII, 1-321

1. Чувам убости од грдости и грубости.

2. Меѓу љубови блести љубов.

3. Кротки стари не се за палавости.

4. Шо по сега и овде? Ко шо си знајме и си умејме.

5. Него болес не го фаќа. Ќе умри од старос.

6. Чади пред ветар да го пламни и да го разгори.

7. Почни од свој почеток и продолжуај по свој продолжеток.

8. Го прескакаш оти је за тебе мал.

9. Толку је голем, шо не можи да се вкалапи.

10. Се покриле со вакланици за на виделина да не можат да бидат извадени.

11. Најмногу паѓања и стануања сам.

12. Шо би праел кога би знаел уште колку до суднио ден? Исто шо досега и сега.

13. Срамно је за пари да не работиш ништо.

14. Не се менуа она шо им прилега на лујѓе.

15. Се секирам за тебе дека нејќиш со снајдуање да се пробијаш во живото.

16. Те има ко да те нема зато шо је исто дал` те има али не.

17. Најпојќе тежат исти многу години.

18. Сиромаси, а горди? На шо!? На сиромашијата?!

19. И во политиката најпојќе купи-продај.

20. Сè во љубов за љубов.

21. А каде и кога ќе имаш време за мене?

22. Плаши се од непријател шо ти је зад грб. Не од оној шо ти је пред очи.

23. Не се живеј пропаѓајќи, ама живејме.

24. Ветуања и лажги за кратко паметење на зависни.

25. Шо је погрешен чоек на погрешно место? Партиски лигуш и измеќар.

26. Од туѓи грешки учиме, нашите али не си ги простуаме али ги заборааме.

27. Низ голготи до пристојна ем достоинствена живеачка.

28. Не ви влегуа в уши шо народо ви кажуа како му се прикажуате. Оти власта је прва ем последна.

MОИ НАРОДСКИ ИЗРЕКИ ЗА ЈУНАКОТ И ЈУНАШТИНАТА

29. Јунаци со верба во Бога.

30. И со рани јунако је јунак.

31. Јунак за јунак исто шо и сиромав за пријател.

32. Бог им поможуа исто на јунако и на негојо коњ.

33. Јунако је јунак и по победа и по поразија.

34. Јунаштина слабаци со пари плајќаат.

35. Умен јунак знај каде и кога треба да си ја докажуа јунаштината.

36. Јунак во бој, плашлив под скутина.

37. Јунак домата си ја брани од зулумќари.

38. Јунако је секоаш со голема дружина. Никоаш и нигде без неа.

39. Јунаштината не се докажуа пред секого и во сешто.

40. На студ и горештина не помага јунаштина.

41. Секакво време је време за јунаштина.

42. Волко се јуначи кога напаѓа овци, а бега кукавички кога ќе догледа оти ги бранат овчарски пци.

43. И јунаштината има мера. Не чини да је прекумерна.

44. Јунаштина дури је требна. Не је за расфрлање со неа.

45. Со јунаштина до конечна победа.

46. Јунаштината и среќата се сојузени пред лут завојувач.

47. Јунаштина не се покажуа пред пријатели.

48. Голем јунак во самотија.

49. Јунаштина секоаш со ум и разум.

50. Нема солзи мајка да исплачи мртва јунака.

51. Малку јунаци пред недоброј кукавици.

52. Се победил себеси јуначки.

53. Јунако не прај неправди, ама и не ги поднесуа.

54. Јунако со јунаштина и убост брани.

55. Непријатело почитуа јунак, па дури му стануа пријател.

56. Јунак не си ако се надеаш куршум да не те погоди.

57. Во јунаштина најпојќе чоештина.

58. Суди јунак за вистина. Не за лага и криенка.

59. Нема победа на кукоо лето.

60. Оти се арчам толку? Оти имам за арчејње.

61. Не сум за вас оти сте арни, ами оти од вас нема поарни.

62. Шо мислам ја за ними? Си мислам шо си мислам.

63. Мора да се брани својто место под сонцето. И кога је оно зајдено.

64. Мангупо не можи да биди бунтовник.

65. Губиш и пајѓаш, ама не се помрднуаш од место.

66. Со домаќинлак се брани огон во домашно огниште.

67. Народо је громогласен за оној шо го слуша.

68. -Ти ко од заебанција создааш дела?!
-Да бе, а како ти текна жити сè?

69. Љубовта го убавеј живото, ама знај ем да го богати ем да го осиромашуа. Дури да го разболуа.

70. Да се виѓаваме бар за колку здраво-живо да си пожелуаме.

71. Имаме многу велики живи и мртви на кои треба да сме им благодарни. Ем наши ем светски.

72. Порасни, па јави ми се.

73. Шо прајме оти ми легна на срце?!

74. За напред ни гладни ни ненаситни:
Колку за мене, толку за тебе и малу појќе за заедно.

75. Има ли ред во нередо? Има кај оној шо го прај.

76. Било шо било чим поминало.

77. Се менуа и чоек на стари години. Појќе отколку шо го менуаат.

78. Старите времиња се како за кого. Лоши али добри.

79. Кој сака можи да поднаучи нешто од мене.

80. Со исти никако не бидуа инаку.

81. Не ги забораам, ама нејќам да се сеќаам на оние шо ми сториле некое зло.

82. Добро би било бар одвреме-навреме да бидиме заедно.

83. Непорочна љубов за сите мои времиња и невремиња.

84. Не шо не је убоо, ами је и трагично да не си ги знајш корењата.

85. Смислуај за напред со ум и разум.

86. Се изначека да излези на виделинава прав, а него ко мрачина да го изела.

87. Али поможи му али остај го сам да си поможи.

88. Ја на највисок врв на планина, ја во нејното подножје. Треќо нема.

89. Од сила страдаат слаби, немошни и јадни. И кои се со неа од шо ѝ се плашат.

90. Онемел од она шо го преживеал оти нема зборој со кои да го раскажи.

91. Доста умуате!
Просто је шо да нема попросто!
Напрајте си го живото да не се живеј без врдности!

92. Учи за да бидиш нешто и да не бидиш прост.

93. Во смртта крај на дребнавости и минливости.

94. Понекоаш засладуај за да не ти загорчи.

95. Никој не ти бара да ме читаш и слушаш. Ја па ич.

96. Сакајњето је и за одморуање. Никако не за уморуање.

97. Најмногу сум постигнал сам, а ми је доста шо сум достигнал со друзи.

98. Не се оди без застануање. Барем за да се земи здив.

99. Сит и гладен не се за на иста трпеза.

100. Стоиш спроти мене и ќутиш. Ко да ти је нешто криво во врска со нас.

101. Кај си се забрзал, чоеку? Ништо од тебе папсан на крајо.

102. Во љубов смирение, желание и радуање.

103. Ја ништо отпојќе не тражим ни од тебе ни од вас. Сум тражел и си тражим саде од себеси.

104. Не туку мрмори оти не ти је право. Грмни бе!

105. Не ни оди ко шо треба и ко шо сакаме, ама је непорекливо оти сме исконски народ на своја земја од искони.

106. Глеј си ја работата и не мешај се во туѓа.

107. Со мене не можи секој зато шо ми се доста некои.

108. Победи оти нема кој шо би можел да го порази.

109. За добро со добро против зло. Никојпат и никако со зло.

110. Ако мразиш, прашај се оти мразиш. То да ти биди прво за да не мразиш.

111. Можи да ме снема во следнио миг поради мојте години, па да ти остани саде жалбата оти не се видовме последен пат.

112. Глупавштина пробуа со итрина да надвладеј умност.

113. Пак ли свето ќе открие пред нас дело на наш творец!?

114. Самодокажуање на чоек со дела дур` је жив.

115. Да  бидиме сплотени, поготово кога сме сосила разделени.

116. Ништо да не те тера да си го ризиукаш живото, ризикуајќи им ги животите на друзи.

117. Али заедно али по мене до врв пред нас.

118. Не можиме да си веруаме дур` секој трга на своја страна.

119. Молчи кога слушаш, не само кога послушуаш!

120. Шо је тој уплав од возвишен со неизмерно големо дело?!

121. Прашуај за да не останиш неук али недоучен.

122. Сал една љубов за навек.

123. Најпрвин прашај опитни и умни дали дошло право време за шо си намислил.

124. Тага ли, гајле ли прај никој ни да запеј ни да заигра?

125. Ти сам со себеси, а они многубројни против тебе. Сами не знаат оти.

126. Си стајле огламници за да ги водат непрокопсани.

127. Лошо је кога грешка не се испраа, а грев се повторуа.

128. Он је многу голем, а они се многу мали. Зато он не је за нив, а они не се со него.

129. Само шо го достигнаа, а он пред нив.

130. Не се сили ако не ти оди.

131. Се разбира оти вие можите без мене. Ама без мене.

132. Не се најдуаме заедно оти ја ви требам, а вие мене не.

133. Сè течи за да дотечи али истечи.

134. Достатно је шо ја знам и вие знајте оти ми је големо делото.

135. Едни самосвесни, друзи бесвесни.

136. Сè се знај и ништо не се знај за љубовта.

137. Зар на недокажани им се докажуаш?!

138. Предавнико се препраа оти не знај дека је то.

139. Те мислам, ме мислиш-се мислиме далечни.

140. Непобитно!
Вештачката интелигенција ни по баби ни по стриковци. Природната не.

141. Глеј си ја саде работата за ич да си немаш гајле.

142. Зар не ти је срам да земаш плата за клати врата!?

143. Колку порано, толку поспокојно.

144. На сурато на лажливецо не му треба маска. Сурато му је то.

145. А да те прашаат твојте шо стори со парите шо за тебе ги украдоа од народо?

146. Им признава предводнико:
„Со мене слепци бевте, слепци сте и слепци ќе останите“.
А они скокаат од радост!

147. Си прајте сè оти никој ништо не ви прај.

148. Да, никој ко мене. А заошто би?!

149. Се редат наши во ред за да не се најдат во нивен неред.

150. Минатото нека си је минато ко шо било, а сегашнинава појќе да не ни биди ко шо је.

151. Можиме ли да се препрааме дека порано не се љубевме?

152. Никоаш доста за ум и со разум.

153. Биди им близу, ако сакаш да им падниш во очи.

154. Со ними си али ќе бидиш, ако си им по ќефо.

МОИ НАРОДСКИ ИЗРЕКИ ЗА СИРОМАШТИЈАТА

155. Сиромашки се облекуаат богаташи. То зато шо нејќат да се припознаат.

156. Богаташо не фрла пари во ветер и магла.

157. Жената го арчи прекумерно мажо, та никако не му даа да присобери пари, а камо ли да напрај богаство.

158. Богати арамии испокрадоја сиромав народ.

159. Богати појќе нема шо да украдат од сиромаси, па почнаа да се крадат меѓусебно.

160. Ќар за богат, зијан за сиромав.

161. Од сиромашија се фаќа болест за која нема иљач.

162. Ист гроб и за богат и за сиромав.

163. Глувци го изедоја житото во амбаро на богаташо.

164. Се кради без усул од народо и кога појќе нема шо да се укради од него.

165. Го тепа сиромашија, а никако да го дотепа.

166. Во темело на куќата сокрил богаство, па она и на тивко ветре се ниша.

167. Нема ништо добро во сиромашија. Нема ни надеање.

168. Сиромашијата нема кај да се сокрива.

169. Заошто сиромајо да се срами од својта сиромашија? Нема заошто.

170. Шо му се присакуа на богатио, то му преседнуа на сиромајо.

171. Саде со леб и сол се најадуа сиромав. За богат полна трпеза.

172. Чим немаш ништо, со тебе нема шо.

173. Богатио до смрт се плаши за својто богаство, а сиромајо смртта ич не го плаши.

174. Не ти треба богаство ако здравје немаш.

175. Богат меѓу сиромаси се прчи.

176. Ако је љубов, љубовта и во сиромашија је љубов.

177. Богат му се прај пријател на сиромав, а сиромав се надеа богат да му поможи ко пријател.

178. Сиромајо не знај како се стануа сиромав, исто ко шо богатио знај како да биди уште побогат.

179. Мудар сиромав, а никој за ништо не го прашуа.

180. Со трпеж и крпеж се носи товаро на сиромашијата.

181. Сиромаштијата је за срамота ако дошла од немукает.

182. Нема гордеење, ами има презирање во сиромаштија.

183. Сиромајо нема радуање. Има саде мачнина и тагуање.

184. Во сиромаштија се сматуа разумо.

185. Дај Боже памет во сиромашија.

186. Во сиромаштија сѐ оди кон пропаст.

187. Со работа не можиш да се обогатиш, ама по работа мирно спиеш.

188. Никоаш доста при многу.

189. Никој никого не можи да го има сал за себеси.

190. Со ука наука.

191. Чим ни тргна, не смејме ни да подзаприме.

192. Ми го разубај дено со твојта убајна.

193. Разбра шо и како, па лесно ќе биди колку и до кога.

194. Нема заедно сè дур` секој влечи на своја страна.

195. Култура и вредности за наши времиња.

196. Да сме живи, здрави, извишени и возвишени.

197. Тешко му на чоек сам и без никој свој.

198. Секој си има свое место под сонцето и меѓу ѕвездите.

199. Глеј чисто ем јасно али начули уши, па белки ќе ме разбериш.

200. Свеста расти со удирање по џебо.

201. Кога не чини заш` не чини, а кога чини то не је за нас.

202. Љубовта шо је љубов нема врска со сè шо је ко шо је.

203. Шо да прајш кога не ти го разбираат мајтапо? Ништо.

204. Никој не знај да ти кажи заошто не чинат фалбата и самофалбата. Ни шо со скромноста.

205. Вистината едни ги боли, на друзи им годи. А она си се докажуа каква шо је.

206. Омразата најбрго го прај чоеко нечоек.

207. Колку позрело, толку поздраво.

208. Туѓо посакуа оној шо нема многу свое али не знај шо је негоо.

209. Природната убајна надминуа шо-годе неприродно.

210. Кабаетлија мака мачи да го сокрие кабаето од својте кабаетлии.

211. Зрно по зрно погача, само ако созреат и се соберат совреме.

212. Фрлаш отровни стрели шо ти се враќаат уште поотровни.

213. Поарно да си премолчиш секој твој излитен збор.

214. Купуаш шо не ти треба? А бре оти?!

215. Во сечија живеачка бројани години за паметење и небројани за забораање.

216. Најмалу два живота во секоја љубов.

217. -Оти прашуаш кога го знајш одгооро?
-За да си доодгоорам.

218. Му дааш белег на секое твое сочинение.

219. На твои слики појќе лујѓе на кои не се сеќааш, одошто кои не си ги познаал.

220. Познаам чоек кој живеј сам откога му испоумреле сите ближни.

221. Вистини прости никогаш доискажани.

222. Блазе си ти шо конечно заживеа живот во мир и спокој. Дај Боже да ти потрај.

223. За вистина се умноста, уката и опитноста.

224. Бистри зборој од бистар ум.

225. Он се престигнал себеси.

226. Власт во едни раце јá чисти и суредуа, јá мати и растура.

227. На некои он нема да им се случи за арно и убоо до крајо на живото.

228. Годините не се важни сè до снеможуање.

229. Џабе се трудиш да ослободиш ограничен ум.

230. Љубов се најдуа по многу години.

231. Од сторени грешки учиме како да сторуаме шо помалу нови.

232. Сè шо ти треба да је по твоја мера.

233. Барај шо ти припаѓа сè дур` не го најдиш али не ти го дадат.

234. Поарно одмори одошто да продолжуаш со крајни сили.

235. Нема напред ако не је чисто назад.

236. Ги сакаш сите? Зар и оние шо те мразат?!

237. Он на коњ, а негојте на магариња. Нема шанца некој од ними да му се качи на коњо.

238. Меѓу бело и црно несносливо сивило.

239. Не му треба ничие величање на велико дело. Оно само си се велича.

240. Рамнодушно им се смешка на оние шо фрлаат отровни стрели кон него. Они не ни осеќаат оти они им се враќаат.

241. Со зломисли и злонамаери нема да стасаш подалеку од друзи.

242. Нема допрва да има, кога немало и нема шо можело да има.

243. Си било за да биди, ама не је.

244. Тој шо те тераше да прајш и крадиш за него, сега те остај на цедило.

245. Не знајш да играш на своја свирка, а туѓата веќе не је за тебе.

246. Многумина знаат малу и со то се гордеат.

247. Ништо они од мене и зато ништо они за мене. Добро је шо је така.

248. Не терај ја водата на своја воденица кога нема шо да се меле.

МОИ НАРОДСКИ ИЗРЕКИ ЗА МЛАДОСТА

249. Пуштете ја младоста да се радуа на младоста.

250. Чувај од младоста за да бидиш млад во староста.

251. Остајте ги младите да летаат оти је над ними најширно небото.

252. Варди ја младоста да не стани мрзлива.

253. Не ѝ помагај на младоста ако за то се надеаш оти ќе ти помага во староста.

254. Пробајте да бидите млади со младите. Можи да ви успеј.

255. Најмногу се прај, ама и се растура на млади години.

256. Работлива и учена младост нема време за губење.

257. Нема мака шо не се надминуа дур` си млад.

258. Млади брго бистрат матна вода.

259. Жалиш на стари години по убаа младост.

260. Младоста поминуа и најмногу од неа не се забораа.

261. Ведроста најмногу ѝ прилега на младоста.

262. Младост снажна од утро до вечер.

263. Живото на младост се богати за да биди богат на старост.

264. Најтешко ѝ је на младоста да биди умна, да умеј да си ги мери зборојте и да не се занесуа.

265. Младоста брго му минуа на оној шо не знај да си ја цени.

266. Младоста мисли шо ќе биди утре со неа.

267. Лета со мислите млад чоек кому чекоро не му је стамен.

268. Младоста је најпојќе за на сонце денум и меѓу ѕвезди ноќум.

269. Младио чоек је полетен.

270. Учи си ја младоста на спокој и радуање.

271. Младоста не ја поразуаат црни деној.

272. Младите не се бојат од последиците на своето младуање.

273. Младост и старост заедно на власт.

274. Парите во рацете на младите вредат помалу, отколку во рацете на старите.

275. Младите најмногу зависат од умноста и опитноста на старите.

276. Енергијата на младите не се мери со енергијата на старите. Зато шо тие не се исти.

277. Творечкио дух је засекоаш млад.

278. Младите реки поплавуаат, а старите мирно течат.

279. Убајната на младоста је неизмерна.

280. Старите брго им стануаат здодевни на младите со своите прикаски.

281. Нека гори младоста, ама да се пази да не изгори.

282. Младоста зема, младоста дава, младоста добива, младоста губи, младоста прифаќа, младоста одбива.

283. Се испили пиле и најпрвин сака да полета.

284. Младоста не знај сѐ, а староста сѐ не можи.

285. Ги гледа младите и се сеќаа колку била слободна негоата младост.

286. Младоста без здравје не је младост. Исто како староста без него.

287. Им се радуа на младите појќе одошто се радуаат они сами.

288. Младоста освојува и турка напред.

289. Делата на младите треба допрва да узреваат.

290. Дела со младост не стареат.

291. Младите брзаат, а старите им го мерат времето.

292. Си пишуам за мене и за не знам кого.

293. Зар некому не му требаат пари?!

294. Терсене чоеци не знаат за усул.

295. Се бави со политика, а појма нема шо је то.

296. Секој по своему и на своему.

297. Некој за шо било, а он саде за то па то.

298. Не ни читнале, а знаат шо сум пишал! Бог да ме чува и брани од ними.

299. Се отепуа од работа надеајќи се оти ќе му се исплати когај-тогај.

300. Никому не му се наметнуам. Секому му остаам сакаш-не сакаш.

301. Он не бара ништо од никого. Сè си најдуа и си прај сам.

302. Те занела љубов шо не је со тебе, па ти не знајш шо да прајш со себе.

303. Баш ми је мило ем драго шо никој не је ко ја.

304. Сè му је со намерение врзано ем поврзано, шо да не можи ни случајно да му се одврзи.

305. Ја ишкаш мувата од капата за ни влакно да не ти падни од глаата.

306. Мало чоече меѓу чоечиња. И он и они бегаат од чоеци.

307. Пробаат да ти се пикнат под кожа, па да ти је тесно во неа.

308. Саде зијан од уривање ѕидој со глаа.

309. Свето је мал за голем чоек. Не за мал.

310. Ако има кој да му дај, оти да не бара шо не је негоо?

311. Плати колку шо вреди, па ќе вреди за тебе.

312. Безумни им ги испиле мозоците и зато играат без ум.

313. Треба да знајш шо и како за да бидиш за.

314. Имаш многу за самофалба, ама чуму ти је.

315. Ќе пукнат од мака и зависливост оти се извишил сам со својто дело.

316. Да сониш љубов буден, то значи да си од љубов изгубен.

317. Нема каде оти је за никаде.

318. Не ми кажуај за него. За жалење је колку му сечи умо.

319. Ќе ти веруам некое време, па после ќе се прашам.

320. Ако не си со власта, ништо од бизнисо? Не веруам. Колку шо ја знам, власта не је бизнис.

321. Он знај да го цени живото зато шо многу прегрмел во него.

НАРОДСКИ ИЗРЕКИ VIII