Думање на голем и мал човек, XXVII, 1-152

Потребно време за читање: 6 минути

1. Нека е твојот последен чекор стамен и на крајот на чекорењето напред.

2. Со него да се почне пак?! Зошто, по ѓаволите!?

3. Злосторници го уништуваат вашето и детството на вашето дете.

4. Секое твое време е убаво.

5. Ќе одговараш ако не си одговорен пред себеси и пред други. Кога-тогаш.

6. Пропушташ многу оти не читаш.

7. Секогаш мали и ситни лаги пред голема и крупна.

8. Со краток здив е, колку да се рече дека е.

9. Или само еден или неколкумина пријатели. Многу нема никој.

10. Со чист образ и чисти раце пред оние што ти веруваат.

11. Без провев и ветар нема ниту свежест, ниту ведрост.

12. Пламнал љубовен оган што тлеел долго скришно.

13. Не сакам ни да те замислам ни да те вознемирам. Само да си на штрек.

14. Да не ти се умори чекорот до следната крстосница.

15. Идат и одат години на зрелост.

16. Прави што ќе правиш, само да не расипуваш.

17. После сè добро-уште повеќе. После сè лошо-повеќе никогаш.

18. Те научив кој си, што си, каков си, колку знаеш и колку можеш. Доста со тебе и од тебе!

19. Доволно се познаваме за да знаеме кој е за, а кој против. Не треба преправање.

20. Ни многу ни малку. За напред доволно.

21. Мимикрија меѓу луѓе без самосвест.

22. Човек сам на првото скалило на скалата на самодокажувањето.

23. Што е искрен политичар? Јас не знам. Вие познавате таков?!

24. Гола рамнина и далечна планина пред скитник на жешко сонце.

25. Арамиско гнездо партиско.

26. Нема предоцна за љубов.

27. Најтешко се живее во беспаќе.

28. Се давиме и нè дават во нечистотија. Од нив последно.

29. Денес без утре откога нè разнебитија вчера.

30. Ти се качиле на глава за да не мислиш со своја глава.

31. Не се секирај, ќе биде кога ќе биде.

32. Кога ќе откриеш, продолжи да истражуваш. Допрва ќе ти се открие.

33. Не се стои долго на раб на бездна. Или брзо се пропаѓа во неа или брзо се прават чекори назад.

34. Повеќе чувствуваш, отколку што гледаш како раснеш.

35. Во секого најголема сила за опстанок.

36. Ќе те открие она што го криеш во себе.

37. Во страв грижа и немоќ.

38. Слушаш за да послушаш беспоговорно.

39. Понизен во сенка нечија.

40. Влегува љубов во спокоен сон.

41. Непребол по последна разделба.

42. Секогаш заедно опит и знаење.

43. Според годините, ти веќе немаш време за ново време.

44. Смачено ми е од неписмени лигуши во политиката.

45. Резигнација да, но многу повеќе рамнодушност (идат и од старост):
На Македонија сѐ уште ништо не ѝ значи-не ѝ вреди моето грандиозно мислечко и книжевно творештво.
Единствено на светот!

46. Не можеш со вредности, ако не знаеш да ги препознаваш и почитуваш.

47. Му вредел животот на оној што го проживеал со крената глава и стамен чекор.

48. Вие во својот, а јас во мојот свет.

49. Не ви значи ништо моето грандиозно мислечко и книжевно творештво?!
Ве жалам!

50. Никогаш да не губиш од твоето драгоцено време.

51. Не се споделува што било со кого било.

52. Голема победа за голема лична одговорност.

53. Повеќе очекувај, помалку исчекувај.

54. Кој научил да паѓа, решително се искачува.

55. Биди што си, па со тебе ќе бидат сите што се.

56. Имаш за да има.

57. Не е секогаш интересно и забавно. Некогаш е здодевно или загрижувачко.

58. Љубовта е слободна пред сè.

59. Секогаш за подобро од добро.

60. Луѓето се нужно различни.

61. Бавно напредува човек кој очекува повеќе помош од други, отколку што се обидува да си помогне сам.

62. Не тврдоглавост, туку доследност и достоинство.

63. Не пораз на СДСМ и ДУИ, туку казна од народот за велепредавство, корупција, лаги и кражби.

64. Движењата на телата, маските на лицата и пелтечењето им се од немање елементарна политичка култура.

65. Најизразит простаклак во очај.

66. Не признаваат пораз зашто се до гуша во корупција и криминал.

67. Тешко на нормални во ненормално прогласено за нормално од ненормални.

68. Нема промени ако не се промениме.

69. Кажи што мислиш без да мислиш на последици.

70. Духовна беда-на чекор од смрт.

71. До конечен пораз на бесрамни предавства и политикантство.

72. Зошто брзаш, човеку? Се плашиш да не стасаш на твојот крај?!

73. Во спокој е достижна спокојна љубов.

74. Ни секако ни како било. Само вака или онака.

75. Сè во свое време без твое.

76. Филозофија на доволност за пристоен и достоинствен живот.

77. Ништо не разбира зашто ништо не знае. А не сака да научи ни основно.

78. Не се пресекува за да се почне одново, туку за да се продолжи поинаку.

79. Сè што е за нас мора да биде прво за нас.

80. Човек наместо не прифаќа да го наместат на несоодветно место.

81. Апсолутната власт побрзо се престорува во страховладеење, одошто да биде извршителна и одговорна.

82. Ем ти работат ем те работат зад грб, а ти веруваш дека се задоволни од твоето работење.

83. Цел живот му мина во надевање.

84. Треба да знаеш и да имаш.

85. Прегазуваат секого што не им се трга од патот.

86. Квантитетот и квалитетот не се меѓусебно зависни. Квантитетот не го намалува квалитетот, а квалитетот не го ограничува квантитетот.

87. И гневот и омразата не се сокриваат, ниту се контролираат.

88. Права љубов вљубени не забораваат.

89. Му помагаш на оној што ти верува.

90. Се разбира дека би ни било полесно да сме заедно. Ништо сосила.

91. Само минливото е само минато.

92. Чекор напред по стоење во место. Не по чекор назад.

93. Силен кон слаб со условувања и уцени. Голем кон мал со притисоци.

94. Дело на виделина за оној што знае да вреднува.

95. Мали радости за осамени старости.

96. Мали успеси до голем или изненадно голем?

97. Забрзаното стареење всушност е забрзано препуштање на смртта.

98. Си создал што си создал во свое време, за некого во негово.

99. По секого останува нешто уште некое време.

100. Не паѓа лисјето на дрвјата оти се мртви, туку за ново раѓање и продолжување на вкоренувањето.

101. Нека биде сè со ред за повеќе да нема неред.

102. Љубовта не гасне до смрт. Таа е оган што пламти или тлее.

103. Никој и ништо не исчезнува мигновено.

104. Се открива причина со последица, се сокрива последица без причина.

105. Паметам луѓе како луѓе.

106. На големи крадци само недоветна власт не им може ништо.

107. Кој не знае за мене, ниту ме познава-негов проблем.

108. Бесценето е нераскинливото пријателство.

109. Политичарите најмногу се плашат од брзината на трошење на нивното време.

110. Неспокоен е секој сон што иде од надеж.

111. Ја согледуваш грандиозноста на моето дело и се вчудовидуваш како е можно да се негира и премолчува.

112. Видна творечка личност создала дела, создава и ќе создаде уште којзнае колку.

113. Малкумина го заслужиле, многумина задолжил.

114. Те озборуваат од што не можат да не те мислат.

115. Иде невреме во кое ќе бидеш без свое време.

116. Предавството е единствен непростлив грев.

117. Било некогаш нешто неповратно.

118. Бесмртноста е неугаслив оган што пламти до небо.

119. Замислен и загрижен во бестрага.

120. Љубов во неповторлив миг до смрт.

121. Ништо не му е важно на човек во пуста самотија.

122. Емоциите и страста разграничени и наспоредни.

123. До крај во кој ништо не те засега.

124. Мислење на мој почитувач:
Објавувањето на целокупното мое мислечко и книжевно творештво би претставувало светски настан!
Можеби, но тоа е напросто невозможно.

125. Ангажман без престан-на мислечка и творечка личност.

126. Само со аргументи и факти против манипуланти и дилетанти.

127. Позитивни изненадувања и ненадејности во секое доба на човек. Негативните за отфрлање или заборавање.

128. Најпрвин сè изместено мора да се намести на свое место.

129. Тешко е да се биде чесен? Ништо полесно меѓу чесни.

130. Сè, сè, само да не биде предоцна за сè.

131. Непростлив е повторливиот грев.

132. Отрпнав на многу нечесности и злости. Со нив не ми можат ништо.

133. Треба да се знае како сега за понатаму.

134. Броено, мерено, чисто и јасно.

135. Вљубени лесно се прилагодуваат на меѓусебните посебности.

136. Недозволиво е да се суди за дело без знаење.

137. Невозможен е целосен, но е нужен што поголем самостоен сестран развој.

138. Со мене не може без мене.

139. На крајот на краиштата обично почнува да се случува крајот.

140. Никој не го доодува својот животен пат. Не го осознава ни својот последен чекор на него.

141. Медиокритетите препознаваат великан, но не го признаваат.

142. Слушам музика што ме успокојува.

143. Не го засега правдата зашто му овозможија совреме да избега и да се сокрие.

144. Криво ми е дека веќе не може да се исправи.

145. Мораме да се свртиме кон себеси и од себеси да почнеме одново.

146. Бидејќи веќе не може полошо, не може ни издржливо.

147. Снаодливост и итроштина наспроти промисленост, темелност, доследност и истрајност.

148. Љубов во тебе и од тебе.

149. Умно и истрајно од почеток до крај.

150. Избери да си денес и утре откогаш беше вчера.

151. Има во тебе од сè што било дека морало да биде.

152. Не стој настрана. Биди на своја страна.

ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК XXVII