Победа или пораз на избори?

Потребно време за читање: 2 минути

Ниту учесниците на какви било избори во Македонија-партиите и коалициите, понекој независен кандидат и гласачите, ниту експертите и аналитичарите за избори никако да го надминат неразбирањето, дури карикирањето на суштината на резултатите-исходите: тие се сведуваат на „победа“ или „пораз“, наспроти довербата, очекувањата, надежите, наградата или казната за нивно изневерување. Како да станува збор за комплексна проблематика. А всушност е „едноставна“ логика.

Имено, победите и поразите се својствени за борба-битка со жртви и долгорочни последици како за освојувачот, така за бранителот, додека натпреварот е временски ограничен без оглед на резултатот-исходот. Од друга страна, какви било резултати на избори суштински се добиена или изгубена доверба, потврда на реални или изневерени очекувања односно надежи, награда или казна за стореното односно нестореното. Карикирањето најчесто се споредува со спортски натпревар.

Имено, каков било спортски натпревар се одвива, конкретно се игра според утврдени правила кои ги применува „трета страна“-судија или судии. Тоа е единствената „сличност“ меѓу нив и изборите. Сè друго е неспоредливо: резултатот-исходот на спортскиот натпревар е победа, пораз или нерешен резултат, а на изборите-локални, парламентарни, претседателски е избор за заложба-опција-проект/проекти, добиена доверба или казна-изгласана доверба или недоверба поради остварени или неостварени ветувања, очекувања, надежи. Наградата е повторена или нова доверба-добиени најмногу гласови-не победа. Казната, не пораз не иде од „трета страна“-применувачи на изборен закон (Државна изборна комисија), туку од народот и граѓаните.

Прочитај и за ... >>  Државнички промислувања и предлози

Неприфатливата споредливост на избори со спортски натпревар се потврдува со еден од најпроблематичните „елементи“ на изборите; на кои политичките партии и коалиции и независните кандидати посветуваат најмало внимание како сериозни, во развиените демократии неретко клучни за успешност или неуспешност: излезност на народот и граѓаните и бројот на неважечки ливчиња.

Во Македонија од избори до избори тие се сè помали и следствено-загрижувачки. Тренд кој според сите индикатори во наредниот период ќе продолжи сè подраматично.

Излезеноста и бројот на неважечки ливчиња најпрвин укажуваат на незадоволство на гласачите од сите учесници на изборите; порака која зборува за „општо казнување“ на учесниците, за незадоволство од досегашните и сегашните состојби и собитија во општеството и државата, како и за неверување во сегашноста и иднината со нивно предводништво. Тоа еднакво се однесува на „победниците“ и „поразените“.

Ако некој и покрај сè  ја прифаќа споредбеноста на локалните, парламентарните и претседателските избори со каков-годе спортски натпревар, тогаш оние што не излегуваат на него и оние што своите гласачки ливчиња ги „прават“ неважечки се публика која бојкотира. Значи, за неа натпреварот не важи, воопшто не се одржува или, пак, е присутна на него, но не го гледа, му свртела грб.

Прочитај и за ... >>  ЗА СЛОБОДНО ПРОМИСЛУВАЊЕ, 22

Со мала излезност на гласачите и голем број неважечки ливчиња, односно без публика или со публика која свртела грб, не се потребни избори, ниту има смисла каков-годе спортски натпревар.                       

ЗА СЛОБОДНО ПРОМИСЛУВАЊЕ, белешки, 108