-Ја мислиш љубовта?
-Да, одвреме-навреме.
-Како тоа?! Зарем не ти е постојано во мислата?
-Да, ми е како една меѓу повеќе или многу. Да, и единствена.
-Мене мојата ми е секогаш меѓу сите мои љубови. Во меѓувреме и меѓупростор.
-Не кажуваш која е таа. Ја таиш?
-Не ја таам, но не е за прикажување и споделување. Затоа што е таа колку дамнешна, толку сегашна.
-А ти на љубовта си ѝ во мисла?
-Без сомнение. Инаку, таа не би била наша и вистинска.
-Мојата единствена љубов ми е во мисла секогаш кога не е со мене. Сеедно дали близу или далеку. Тоа не се случува често, но се случува. И никогаш не ми е ни во меѓупростор ни во меѓувреме на другите.
-Ја мислиш како јас-силна, моќна, поттикнувачка, доблесна? Како водилка?
-Без сомнение.
МОЛКНАТИ ДИЈАЛОЗИ, раскази/ескизи, 27