СУШТИНИ, 15-21

Потребно време за читање: < 1 минута

15. Длабоко

Длабоко за подлабоко
Се до најдлабоко
Длаби.
Да се вкорениш
Во гола длабина
Најдлабоко.

До пред смрт
Длаби.

16. Дело

Дело сосе дело
Во дело се создаде
Дело.

Делотворно
И делородно.

17. Мисла

Мисла за мислење
Се замислила
А не се домислила
Во мисла што се мисли
Дека е премислена.

Мисла на човек
Во мисла
Која допрва
Ќе се мисли
За многу мислење.

18. Река

Се зарекла река
Во две корита
Наспоредни
Да тече непречено
Меѓу ридје и долини.

Река како река
Од свои извори
До нечии живи
Големи води.

Текла река бистра
И студена.

19. Мртвило

Сѐ им е мртво
На мртви очи.

Сѐ мртвило.

Ништо живо
Во мртвило.

Мртов свет
Што бил жив
Во некоја
Мртва природа.

20. Сѐ

Сѐ сѐ баш сѐ
Ама баш сѐ
Во сѐ дека сѐ
Си е сѐ.

Сѐ е сѐ
Откога сѐ
Било
И откога сѐ
Е сѐ.

Прочитај и за ... >>  СУШТИНИ, 8-14

21. Двајца

Едни двајца
Биле двајца
Какои секои
Двајца.

Двајца се уште
Но како веќе
Да не се двајца.

Се еден во двајца
И во исто време
Двајца во еден.

Двајца како двајца.

СУШТИНИ, зборопој/зборови за пој, елементарна поезија, 15-21