Од далеку слуша клокот
Досега нечуен
Како да се случува првпат
По одмолчено време.
Не слуша само он
И луѓе како него
Туку секој што премалел
Од жештини и студенини
Во беспатје
Па веќе му е сееедно
До кога уште ништожно.
Се прашува да не е клокот
На нов извор бистра вода
Кој штотуку почнал
Да заживува.
А да не е клокот
На подземен оган
Се прашува.
ЈАНЅИ ОД ЈАВА ВО ЈАЗОЛ, Превирања, стихозбирка, 46