Одеднаш

Внатрешни содржини

И од една и од друга
и од многу страни
на луѓе збрани
во пустелијава
црвеникава, жолтосана,
овде-онде црникава,
одеднаш се зададоа
ветришта безимени,
одеднаш се зададоа
облачишта молскотни,
овде-онде се отворија
длабоки бездни
кои во себе проголтале
безмерни, скрвавени
тишини.

Збрани луѓе
од сите страни
во збег.

Одеднаш од страна
северна
се зададе огон
загадочен, необјаснив,
непредвидлив,
со супрашка во утробата
која задушува
сечија прва и последна
воздишка опстаночна.

Последен збег
со нем говор оддалеку:
невидливи живеалишта
во стени.

ВНАТРЕШНИ СОДРЖИНИ, Пустелија, поетска студија, 5

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.