Потребно време за читање: < 1 минута

Ми дојде еден преживеан
По години пустошни
Ништожни
Минати којзнае каде сам
И од ближни и од далечни
Заборавен.

Го прашав каде и како
Успеал да преживее
Во такви години.

Ми одговори дека и тој
Сам се прашува од кога
До кога
А како преживеан
Уште се прашува
Дали залуднио
Дали напразно преживеал
За конечно да дојде
Кај некој како јас
Штотуку одново заживеан.

Не сакав  да го прашам
Како тоа нема друг со него
Преживеан
По толку долга борба
За гол опстанок
На лет слободен
Секогаш препознатлив.

Не сакаше да ми одговори
Дали преживеал само он
Благодарение на тоа
Што останал човек
Во студенина и жештина.

ЈАНЅИ ОД ЈАВА ВО ЈАЗОЛ, Превирања, стихозбирка, 44