Нешто било

Потребно време за читање: < 1 минута

Обзема чувство на ненадејност
Дека било нешто минливо
А создателно
Без никој од оние со кои
Еднакво близу и далеку
Се дошло до последна игра
На светови
Заедно со човек во простор
Преполн со дребнавости
И трајности.

Несомнено иде време
Кога мора само од себе
Да се открие нешто што било
Затоа што сè уште никому
Не му е познато
Дали кога било требало
Да биде
Или можело да се одбегне.

За човек во простор преполн
Со дребнавости и трајности
Е сеедно дали било
Или не било нешто
На некој начин со него
Исто како без него. За човек кој допрва
Треба да се открива себеси
Како творец на дела во кои
Опстанува незнајно каде
Ни колку обновуван со други
Меѓу други самородни
Доволно е чувството
На ненадејност
Дека било нешто минливо
А создателно.

ЈАНЅИ ОД ЈАВА ВО ЈАЗОЛ, Превирања, стихозбирка, 36