Пред прв сон

Камено небо

Во мисла реди што сè не
заживеано доживеано
преживеано одживеано
во самост со луѓе со кои
имал нешто заедничко.

Јасно избледено
заборавено запаметено
дамнешно сегашно
некогаш утрешно.

Успева да издвои лице
загадочно неодгатнато
кое никогаш не успевал
да го пронајде каде било
пред прв сон.

Непорекливо убаво лице
ведро насмеано питомо
безгрижно.

Се изненади
се разочара
се заборави себеси
не успевајќи да го сони
до разденување.

КАМЕНО НЕБО, Стаменост, апстрактна поезија/игриви песни, 71

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.