Лив

Камено небо

Успеа лив некако да излезе
од кафез на слобода
а никој да не го препознае
ниту да му ги почувствува
одблизу или оддалеку
ливскиот здив ливската крв
и ливската нарав.

Успеа со намисла
да ја открие слободата
пред сè да осознае
дали е иста со неговата
која не ја заборава ни
по години минати во кафез.

Се изнамачи додека научи
како треба да се однесува
човечки
убедувајќи се дека
во опасност се нужни
секој негов крик секој гест
секоја негова самоодбрана
или секоја итроштина
како во дивина.

Ливот предоцна забележа
дека луѓето се слободни
единствено благодарение
на сомничавоста пред сè
потоа во сè и покрај сè
исто и на претпазливоста.

Ливот предоцна ја забележа
над својата глава мрежата
заробеничка.

КАМЕНО НЕБО, Стаменост, апстрактна поезија/игриви песни, 68

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.