Заблуда

Тивки клокоти

Заблудата е поблиска и многу потешка од лагата. Тоа значи и дека човек полесно се ослободува од заблудата. одошто од лагата.

И личната и колективната заблуда траат многу подолго од лажење на еден човек, еднакво на многу луѓе. Најпрвин затоа што на неа ѝ претходат заблудувањето и самозаблудувањето, та следствено и ослободувањето од нив е тешко и долготрајно. Згора на тоа, лажењето побрзо се открива.

Заблудата е за заблудување и самозаблудување? Е, доколку е целта однапред поставена, домислена, догледна, доколку се знае. Притоа, прво е самозаблудувањето. Заблудувањето иде веднаш по него.

Рекле, но треба да се дорече:

Политичарот најмногу посега по заблудување и самозаблудување.

Доречувам:

Затоа што заблудата е суштествена за неговата политика.

Тоа се однесува на секој политичар? Се разбира не, туку на оној што ја разбира политиката како личен интерес, користољубие, властољубие-политикантство. За кого политиката не се темели на мудрост, туку на итроштина.    

ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни искази, 190

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.