Што е вкусот? Што е добар, а што лош вкус? Од што зависи вкусот?
Прашања без одговор? Не, туку прашања за свој одговор. Затоа што не постои единствена дефиниција на вкусот и затоа што добриот и лошиот вкус зависат од многу нешта. Најмногу од времето, состојбите, ситуациите, достасаното културно ниво и естетското доживување на секој човек.
За вкусовите не се расправа? Не треба? Не може? Не вреди? Зошто? Зарем вкусот не се создава, гради и надградува? Зарем не зависи од…знаењето, искуството, критериумот, критичкото воспримање? Не зависи од ништо? Дури ни од расположбата?!
Зарем го знаеш вкусот на нешто ако тоа нешто не си го вкусил, ако не си го осознал, ако не си научил да го препознаваш?
Секој со свои вкусови во животот.
ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни искази, 184