384. Мажите и жените најпрвин заедно со снага и ум во костец со неволјите во животот.
385. Доцниш зашто не почна совреме.
386. Не сакаат да бидеш со нив зашто ќе им го пореметиш редот, а може и системот.
387. Утре ќе ме нема и сè ќе биде исто како што ме нема денес.
388. Доста е што имам. Можеше и ништо да немам.
389. Ако системот не функционира, значи нема систем.
390. Минлив живот без трајни вредности во него.
391. Со љубовта си или не си. Не може и да си и да не си.
392. Трагите на незнајни не водат никаде.
393. За жалење си дека ниту догледуваш, ниту препознаваш голем човек пред тебе.
394. Воинственоста не е во карактерот на мудар човек.
395. Штом ти е поважно со кого си од за што си, тоа значи дека ти не си самобитен.
396. Кратко паметење за трагични последици.
397. Може и повод и причина без последица.
398. Важни датуми и за паметење и за заборавање.
399. Лаги и измислици во минато за оправдување на сегашност, сосе неизвесна иднина.
400. Мината љубов во минато завршено време.
401. На ѓубриња политички најмногу им одговара ѓубре на сите страни.
402. Не менува оној што не сака да се смени.
403. Се избираат најумни, најучени и најспособни? Никогаш во партократија. Во неа само партиски најподобни.
404. Самосвеста и достоинството се предуслови за заедништво.
405. Немам со кого да сум сам.
406. Одамна не ми личиш на оној што го познавам одамна.
407. Најдлабока трага човечка до сончев зрак.
408. Ако ме бараш, ќе се најдеме.
409. Многу за паметење брзо се заборава.
410. Во непристојна живеачка најтешко е да се одбрани личното достоинство.
411. Љубов за живот и здравје.
412. Доста правите за народот колку нешто да се направи.
413. За никаде сме ако преживуваме.
414. Бараш внимание, а не внимаваш.
415. Ти одамна ништо не знаеш за мене. Зашто одамна не сум во твојот свет.
416. За здраво општество:
Суредена, организирана и ефикасна држава.
417. -Што правиш деноноќно?
-Деноноќно создавам дела без мене.
418. Секогаш има дел од твоето време за друг.
419. Човекот го освојува светот освојувајќи го.
420. Многумина биле со мене, а јас со малкумина.
421. Крадеш лажејќи и мамејќи го народот.
422. Секогаш само ти се чини дека ништо не се случува. Биди секогаш на штрек.
423. Никогаш без љубов. Сеедно дали си со неа или сам.
424. Не учи за да работиш. Учи и работи.
425. Оптимизмот ѝ е најблизок на довербата.
426. Градителот цел живот гради и надградува.
427. Држава и општество без вредносен систем-само за снаодливи.
428. Ништо за сите времиња со моќ и сила.
429. Години на старост-умни години.
430. Никогаш не ти треба ништо? Не, туку никогаш да не ти треба многу.
431. Да е наредено така што да нема изненади.
432. Нечесно е да ти се плати за она што не си го сработил.
433. Мативода бистри политика.
434. Да му се врати на народот сè украдено од него?! Зар се вратило некогаш?
435. Остави нешто за утре не исто како денес.
436. Прашање без одговор:
Што ли прави љубовта без мене?
437. Не е за со луѓе оној што не умее со себе.
438. Никако не ти голем, а сите други мали.
439. Ќе умре жеден за власт зашто не ѝ го знае изворот.
440. Чувај ги нервите за здравје.
441. Сам со себе зашто не може поинаку.
442. Што постигнав во животот? Многу, а ништо.
443. Има многу непоправливи нешта што ми ги сториле.
444. Некој меѓу знајни е никој и за ништо.
445. Познавам човек со болна душа. Веќе никој не може да му ја залечи.
446. Што оти ќе му простиш, кога не може да си прости?
447. Како секој, и јас имам последна цел:
Да заминам тивко и незнајно.
448. Не постојам за тебе, љубов? Тоа е напросто невозможно!
449. Ако нешто од сè мое вреди-во ред. Ако ништо не вреди-жалам.
450. Можете без мене? И јас мислам. Впрочем, тоа го докажувавте и го докажувате.
451. Не малодушност од немоќ, туку од разочараност.
452. Нема напредок без свесност за она што може да се достигне.
453. Од несовесен одговорност?!
454. Човек:
Блага душа, широко срце и добра мисла.
455. Секогаш од подножје на стара планина кон нејзин највисок врв.
456. Материјалноста без духовност-ништожност.
457. Најголема немоќ во беда: безмерна рамнодушност.
458. Со достоинство и доблест пред каква било неволја.
459. Секогаш со љубов кон љубов.
460. Од една до друга надеж-неизвесност.
461. Не преживува човек без човек.
462. И досега и сега и засекогаш јас како јас.
463. Сите во ред без мене!
464. Кога создавам сум сам. Затоа ме нема никаде.
465. Одамна не ме засега ничие мислење за моето творештво. Нема зошто.
466. Почитувам сечие критичко мислење. За што било.
467. -Ме слушаш?
-Да. Замолчи!
468. Да, ми грешел, но тоа одамна не му го дозволувам.
469. Кревам раце од докажување затоа што е и предоцна и залудно.
470. Не старее убавината во љубов. Само се прилагодува на староста.
471. Творец со единствено творештво на светот, а непризнаен, омаловажен и заборавен?
Ненадминлив проблем во држава и општество во кои владее медиокритетство.
472. Само со стамен и непоколеблив чекор напред.
473. Никој не може со мене, а ни против мене.
474. Некое време прв, а безвремено единствен.
475. Пакост и Злоба се врзале во јазол.
476. Казната ќе те стигне секако. Ако не други, ќе те казнат бессовесноста и безогледноста.
477. Восклик за секој човек меѓу нелуѓе.
478. Ништо за кого било. Сè за оној што се знае или е препознаен.
479. Ех, кога би можело во сечие паметење да се само големи луѓе со големи дела.
480. Трајна само непорочна љубов.
481. Сите умираме. Некој пред смртта, а некој по неа.
482. Нешто од сè може да биде како што било, ако сакаш ти.
483. Како ние уште заедно спокојно, а со разбранети емоции?!
484. Баш ништо на крајот во кој нема нов почеток.
485. Зошто да бидеме заедно во молк?
486. Ниту убедувам, ниту разубедувам. Само си стојам на зборот.
487. До кога како досега? До никогаш!
488. Со заробен во рамнодушност можеш секако.
489. Крадец од најмал до најголем дури не потоне во сопствената мизерија.
490. Не ме засега вашето однесување спрема мене. Не е од вчера, туку од многу одамна. Отрпнав.
491. Вредноста совреме ја препознаваат оние што гледаат напред.
492. Боледуваш дека не знаеш што се случува со твојата таена љубов.
493. Од предолго живуркање, животот заборавил на него.
494. Нерешителноста обично чини прескапо.
495. Поважно е со кого ти не си, одошто кои не се со тебе.
496. Не се разбираме зашто не се ни обидуваш да ме разбереш.
497. Тој одамна не е со сите.
ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК XXV