Бидува, 91-95

Бидува

91. Благден

Не излегувај сам на благден,
како што излегуваш на секој.

92. Трагик

Оној е пред други само трагик
затоа што не знае да игра друго.

93. Пеза

Се бијат пеза со еден
кој се страши од јак.

94. Водилка

Нејзе ѝ била и ѝ е водилка
нејзина љубов што била.

95. Толкување

Капка крв е солза од рана
и зрачна надеж во зеница.

БИДУВА, поезија/двостишија

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.