Бидува, 86-90

Бидува

86. Ненадејно

Навалица на оган
му снеможи снага.

87. Шепот

Немој и ти исто
како во невреме.

88. Скреж

Уште нема сонце што
да го стопи скрежов.

89. Суши

Се редат едни силни
суши за ништо живо.

90. Чесни

Накрај се најдоа чесни
што си пробија прав пат.

БИДУВА, поезија/двостишија

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.