Строгости на форми, 21-30

Потребно време за читање: < 1 минута

21. Во крв

Стаса скрвавен,
цело тело крваво,
ранет жив воин.

22. Најголема доблест

Човек од човек,
човек до човек
-за довек.

23. Имот

Има имот
што го има
за имање.

24. Страшлив

Пред тајна мисла
може да биде страшлив
долго што молчи.

25. Река

Во бистра река,
од брег до брег каменен
мал бран се брани.

26. Исток

На моја страна
свет што изгрева мигум,
пак да изгрее.

27. Чистина

Се најдов сам јас
на чистина,
белина, виделина.

28. Снага

Има тој снага
за уште чекорење
во сегашнина.

29. Болезлив

Нема години
многу за болештини
додека живот.

30. Виор

Нема никој
што да го запре
олку силен.

СТРОГОСТИ НА ФОРМИ, песни со зададени зборови