Строгости на форми, 11-20

11. Не кријам

Ништо не кријам
откога открив дека
нема ништо зад.

12. Магла

Падна магла
утрово пак
да не стане.

13. Птици

Уморна птица
дека птици на небо
сами во прелет.

14. Во очи

Нечија сенка
нашла во очи
море брановно.

15. Спомени

Биле заедно
негде кога не биле
весели срца.

16. Камчиња за бос

Остри камчиња
расфрлал на мој прав пат
некој за мене.

17. Далеку од вчера

Дамна беше вчера,
дамна без денеска,
од мене простена.

18. Ај ех

Ај сега,
ех ние пак,
јас и ти.

19. За гласна песна

Еве ти цвеќе.
Запеј ми гласна песна.
Еве ти игра.

20. Секавици

Сечат секавици
и небо и земја,
како да е војна.

СТРОГОСТИ НА ФОРМИ, песни со зададени зборови

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.