Строгости на форми, 1-10

1. Вечност

Белина,
долговечната
празнина.

2. Бунт

Скокнале
мачениците
бессони.

3. Одвеано

Имало
некогашно
корени.

4. Нова љубов

Се вљуби
мразнава залезина
во несон.

5. Пречка

Суводол
кој сам ќе го прелетам
високо.

6. Останав сам

Сенката,
единствената жива
замина.

7. Пред сонување

Не отвора очи,
чека ноќта да му
успокои снага.

8. Зловреме

Облак облекува
црнина, молњи,
страд, жива рана.

9. Иднина

Човек и човек
за
живот и животи

10. Гледам

Јас пак гледам
и гледам што гледав
пред да гледам.

СТРОГОСТИ НА ФОРМИ, песни со зададени зборови

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.