Гледач

Камено небо

Гледа гледач во далечина
вител кој го вика него
откога нема друг со него
да троши снага.

Во далечина е толку
што сè повеќе
се прашува дали гледа
вител.

Секој гледач како него
веќе долго станува
помалку гледач
а повеќе следач
кој смета дека
ниедна трага на живот
не може да однесе вител
во невиделина.

Решен е да го пречека
макар најпосле
жеден за нова игра
до скрвавување.

КАМЕНО НЕБО, Стаменост, апстрактна поезија/игриви песни, 65

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.